Синестезијата е ретка состојба каде сетилата се мешаат, па некои можат да “слушнат“ бои, а други да ги “вкусат“ зборовите. Овој невролошки феномен сега може да се постигне со некои современи помагала, како што е вештачката интелигенција, која резултатите од едно сетило ги преведува во друго.
Се работи за проект на белгискиот експерт Ксандер Стенбург кој се занимава со машинско учење и работи на нервна мрежа која ја преведува музиката во неверојатни визуелни претстави. Проектот беше именуван како „Неврална синестезија“, а функционира со помош на систем на машинско учење кој генерира нови податоци врз основа на оние што ги добил во пакетот на тренирање.
На тој начин, се создава комплетно нов пристап кон аудио-визуелното искуство во рамките на кое човекот не креира визуелни претстави, туку само асистира додека вештачката интелигенција ги извршува дејствата.
Алгоритмите за вештачка интелигенција прво се тренираат со помош на сет основни фотографии, а потоа моделот се обучува за да може да го копира стилот од понудените слики. По тренингот, системот добива слобода да ги менува и да ги искривува визуелните претстави, а врз основа на претходно добиените параметри. Така, за конечниот резултат не е заслужен само системот на вештачка интелигенција, туку, како што истакнува креаторот, се работи за соработка помеѓу машината и човекот. Резултатите зборуваат сами за себе.