Home » Во фокусот » Вести најмногу се гледаат на Сител и Алсат-М, следуваат Телевизија 24, Телма и Кана л 5

Вести најмногу се гледаат на Сител и Алсат-М, следуваат Телевизија 24, Телма и Кана л 5

Нновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена во периодот од 4 до 21 август годинава, покажа дека најголемиот број од македонските граѓани се’ уште се информираат за политичките настани преку телевизија, а најмалку преку радиото.

85% од граѓаните се изјаснале дека нивен главен извор за политички вести е телевизијата, 39% изјавиле дека се информираат преку интернет, 27% истакнале дека нивни извор за политички вести се пријателите, а само 6% од граѓаните се информираат преку печатените медиуми, односно 4% преку радио.

Според истражувањето, најголемиот дел од испитаниците (20%) изјавиле дека политички вести гледаат на телевизија Сител, односно Алсат-М (16%), по што следуваат Телевизија 24 (13%), Телма (12%), Канал 5 (11%), МТВ на македонски јазик (9%) и МТВ на албански јазик (3%). По 1% од испитаниците се изјаснале дека вести гледаат на ТВ 21, Шења и Алфа, додека пак 9% истакнале дека не гледаат телевизија.

Инаку, забележлив е падот во процентот граѓани кои политичките случувања ги следат преку печатените медиуми, кој е двојно помал во споредба со резултатот од анкетата на ИРИ од ноември минатата година. Овој пад соодветствува со згаснувањето на дневните весници во издание на „Медиа принт Македонија“.

Во однос на трендовите, забележлив е значаен пад на процентот на граѓани кои се информираат преку печатените медиуми (6%), двојно помал од процентот во анкетата на ИРИ од минатата година. Од друга страна, за 7% е зголемен бројот на граѓани кои го користат интернетот како главен извор за информации поврзани со политичките настани.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365