Вибер,една од водечките апликации на светот за бесплатна и лесна комуникација, најави започнување на кампања за помош на организации кои се борат против гладот во светот, поради недостиг на храна предизвикана од пандемијата на вирусот КОВИД-19.
Преку нов пакет на стикери и Заедница посветена исклучиво на оваа цел, кампањата на Вибер ќе ги собере корисниците на апликацијата, вработените и хуманитарните партнери, како што се Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Светскиот фонд за растителен и животински свет (WWF), УНИЦЕФ, У- репорт и Агенцијата за миграција на ООН.
COVID-19 предизвика големи нарушувања во буквално секоја институција и индустрија, вклучувајќи го и ланецот на исхрана неопходен за одржување на човечките животи. Најмалку 265 милиони луѓе во светот се изложени на ризик од глад оваа година, според официјалните проценки на Програмата за храна во светот на Обединетите нации (WFP) во април – што претставува двојно повеќе од минатата година. Спречувањето на понатамошно влошување на овие статистики буквално спасува животи, а Вибер е подготвен да придонесе во таа смисла.
Споменатата иницијатива ќе содржи едукативна Заедница на Вибер „Се бориме заедно против светскиот глад“, како и пакет стикери на англиски и руски јазик. Првата Вибер заедница од ваков вид ќе ги информира членовите за тоа како промената на навиките во исхраната, купувањето и готвењето може да го намали отпадот од храна и да обезбеди поголем пристап до храна за оние на кои им недостасува – истовремено обезбедувајќи дополнителни информации за самата криза.
Содржината на Заедницата ќе ја водат партнерите на Вибер од хуманитарните организации, кои дополнително ќе имаат и сопствени канали за комуникација на оваа платформа. Дополнителна форма на финансиска поддршка ќе биде можноста за преземање на специјален пакет на стикери посветен на оваа акција, од кој сите приходи ќе бидат донирани на хуманитарни организации кои се борат против гладот во светот. Покрај тоа, Вибер ќе им понуди можност на оние кои не можат веднаш да направат донација да ја изразат својата поддршка со тоа што ќе пристапат во Заедницата и ги поканат своите најблиски и пријатели да се приклучат кон неа.
Кога Заедницата ќе собере еден милион членови, Вибер ќе донира 10.000 долари за оваа намена, со што луѓето ќе можат да дадат личен пример на посветеност и разбирање за оваа важна хуманитарна пригода.