Home » Во фокусот » Видео содржините повеќе популарни од банерите

Видео содржините повеќе популарни од банерите

Вкупните инвестиции во дигиталното огласување во првата половина на 2017 година пораснаа за 13,8% и достигнаа вредност од 7,33 милијарди американски долари

Мобилното огласување завзема 43% од инвестицискиот колач во дигиталното огласување, покажува последниот извештај на IAB Europe, Digital Adspend report. Годишниот пораст на инвестициите во мобилното огласување изнесува 38% и претставува 57% од инвестициите во дисплеј огласувањето.

Како последица на зголемената популарност на видео содржините, се зголемува и  инвестирањето во видео огласувањето кое за прв пат го надмина огласувањето со банери. Во првата половина од 2017 година, огласувачите инвестираа 291 милион американски долари во видео огласување, што претставува зголемување од 46%  во однос на истиот период минатата година. Покрај тоа, инвестициите во огласувањето со онлајн банери, се зголемија само за 2%, на 903 милиони долари. Видеото е најбрзорастечки огласувачки формат и претставува 35% од инвестициите во дисплеј огласувањето.

Во рамките на видео огласувањето речиси двојно се зголемија инвестициите во т.н. outstream (огласи кои можат да се појават независно од видео содржината) и  in-feed огласувањето, така што овие два формати претставуваат околу 52% од инвестициите во видео огласувањето (478 милиони долари). Следи pre-roll и post-roll огласувањето, кое претставува 44% од вкупното видео огласување (407 милиони долари).

Дисплеј огласувањето се зголеми вкупно за 18% на 2,6 милијарди американски долари, огласувањето на интернет пребарувачите бележи раст од 15% (3,7 милијарди долари), мрежното (classified) останува на 912 милиони долари. Така вкупните инвестиции во дигиталното огласување во првата половина на 2017 година пораснаа за 13,8% и достигнаа вредност од 7,33 милијарди американски долари.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365