Home » Digital » Видеото на Гугл „Year in Search“ се осврнува на трагедиите и несреќите во 2017 година

Видеото на Гугл „Year in Search“ се осврнува на трагедиите и несреќите во 2017 година

Но видеото сепак, на крајот испраќа позитивна порака

YouTube неодамна го објави своето видео Rewind, со кое на крајот на годината се осврнува на најпопуларните трендови на оваа платформа во текот на изминатите 12 месеци. YouTube се фокусира на позитивните работи и многумина забележаа дека се заобиколени многу тешки теми кои вистински ја одбележаа 2017 година.

Но, матичната куќа Google го претстави својот традиционален спот „Year in Search, со фокус токму на трагедиите и несреќите.

Спотот донесува бура од емоции претставувајќи ги најпопуларните пребарување на Гугл во текот на изминатата година. Прво, гледаме тага и очај низ фотографиите кои ги илустрираат пребарувањата како што се: “Како почнуваат пожарите“,“Колку ќе чини еден ѕид“,“Како се создаваат ураганите“ и “Како да им се помогне на жртвите од поплавите…бегалците…Порторико…Мексико…Лас Вегас“. Но, очекувано, работите почнуваат да одат на подобро, па така музиката станува побрза, додека гледаме фотографии од протести, марширања, победа на францускиот преседател Емануел Макрон, затемнување на сонцето, движењето #MeToo и уште многу повеќе. Дури и Трамп се појавува во видото.

Видеото завршува со порака на надеж, со конечно пребарување “Како да се тргне напред“, а потоа следува познатиот слоган „Search on“.

Видеото го краираа агенцијата 72andSunny L.A. и Google Brand Studio, додека продукцијата ја направи продукцискиот оддел на агенцијата Hecho en 72.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365