Home » Во фокусот » Виолета Цветковска е овогодишен добитник на ПРО.ПР наградата за Македонија

Виолета Цветковска е овогодишен добитник на ПРО.ПР наградата за Македонија

Раководителката на секторот за односи со јавност на општина Карпош, г-ѓа Виолета Цветковска е овогодишен добитник на ПРО.ПР наградата за Македонија.

„PRO.PR Awards“ е прва регионална програма која ги наградува стручњаците на полето на комуникацискиот менаџмент и постои уште од 2012 година кога беше формирана по повод 5-годишнината од ПРО.ПР конференцијата. Признанието се доделува на поединци кои на посебен начин, со своето знаење, искуство и посветеност оставиле трага во развојот на професијата односи со јавноста.

violeta cvetkovska

Виолета Цветковска

Минатата година, добитник на ПРО.ПР признанието за Македонија беше Росана Јанков од АМСМ.

Оваа година, покрај Цветковска за Македонија, добитници на признането се и: Željka Bajramović, Nataša Aleksić и Selma Riđanović Kenović за Босна и Херцеговина, Olga Pejovič и Petra Juvančič за Словенија, Dragana Roter, Milica Đokić и Jelena Šarenac за Србија, Martina Sokač Saraga,Goran Pivarski и Dijana Đerđ за Хрватска, како и Danilo Kalezić, Marija Jovović и Radoje Cerović за Црна Гора . Помеѓу добитниците се и угледните европски комуникациски стручњаци Charles Skinner и Sukhjit Grewal од Велика Британија, Luisa Piazza од Италија, како и Peter N. Thier од Австрија.

Гала церемонијата на која официјално ќе бидат доделени признанијата ќе се одржи на 9 април во Сплендид хотелот во Бечиќ, Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365