Home » Extra 5 » Vip со најнови пост пејд промоции

Vip со најнови пост пејд промоции

  • HBO GO 12 месеци вклучен во претплатата
  • 20GB национален интернет и 200MB интернет во роаминг за деловните корисници

Вип со гордост ги претставува најновите промоции во мобилната пост пејд телефонија со која на корисниците им овозможува дополнителна вредност, неограничена комуникација и уште повеќе забава независно од локацијата на која се наоѓаат, а на деловните корисници уште повеќе комуникација и кога се во странство.

“Особено сме задоволни што на крајот на летото, периодот што го доживуваме за релаксирање и уживање, лансираме промоции со кои овозможуваме корисниците и натаму да го продолжат уживањето. Корисниците ќе можат да се опуштат со најпопуларните филмови и серии, а што е најважно тоа да го прават независно од локацијата на која се наоѓаат во нашата земја. Дополнително, имајќи ја предвид потребата на бизнисите од неограничена комуникација и контрола на трошоците, Вип им нуди на деловните корисници да одберат понуда со која бизнисот и комуникацијата со соработниците продолжува и кога се во странство. Остануваме верни на нашето ветување – Повеќе за вас.”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Вип.

Со најновата понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот постоечки договор на некоја од Vip Neo М/L/XL тарифните модели добиваат HBO GO 12 месеци и двојно повеќе мобилен интернет. Имено, со избор на новата Vip Neo M тарифа корисниците добиваат можност да ги следат најпопуларните филмски содржини преку HBO GO каде и да се, неограничени минути за разговори и СМС кон сите национални мрежи и двојно повеќе мобилен интернет односно 10GB секој месец.

Преку HBO GO корисниците добиваат можност преку својот мобилен телефон или лаптоп да уживаат во содржините на преку 5000 часови филмска содржина од продукциите на Марвел, Дизни, неповторливата “Игра на тронови” и уште 500 часови продукција со содржини наменети за деца и тоа независно каде и да се наоѓаат на целата територија на Македонија.

Со Vip Neo M тарифата корисниците можат да изберат и нов смарт – телефон односно Nokia 3 за месечен надомест од 99 денари или Samsung Galaxy J6 достапен за месечен надомест од 399 денари.

Знаејќи дека мобилниот интернет е исклучително важен за модерните бизниси, како и овозможувањето на вработените да бидат поврзани и во комуникација, каде и да се, Вип ја воведува најновата промоција, со која деловните корисници добиваат можност да работат и комуницираат и надвор од границите на нашата земја, со целосна контрола на трошоците за интернет сообраќајот, во земјата и во странство.

Со избор на Vip Neo L деловните корисници добиваат 20GB интернет во национална мрежа, а остануваат во тек со својот бизнис и кога се во странство, затоа што сега добиваат 200MB интернет во роаминг секој месец, до крај на договорот. Вклучениот интернет во роаминг може да се користи во 50 оператори/земји во Европа и во САД, меѓу кои: Vip Mobile Србија, A1 Бугарија, Vipnet Хрватска, Vodafone во Грција, Албанија, Турција, Италија, Германија, Шпанија, Telenor Црна Гора, Monaco Telecom Косово, AT&T во САД и други, кои може да ги погледнете на www.vip.mk.

Повеќе информации за промоциите можете да добиете на www.vip.mk, со јавување на 077 1234 како и со посета на продажните места на Вип низ целата земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365