Home » Во фокусот » Преку традиционалните медиуми се претставувате како бренд, а на социјалните мрежи тоа го докажувате!

Преку традиционалните медиуми се претставувате како бренд, а на социјалните мрежи тоа го докажувате!

Гостински текст на Влатко Васиљ, Social Media Manager во Element PR and Corporate Communications.

Vlatko Vasilj

Влатко Васиљ

Пред неколку години, присутноста на социјалните мрежи за компаниите преставуваше само следење на трендот и ништо повеќе, но денес официјалните профили на компаниите служат и се користат за многу повеќе.

Ако сакате да се поврзете со вашите клиенти и да откриете она што тие мислат за вашиот бренд – социјалните медиуми најмногу ќе ви помогнат. Ако сакате да се промени перцепцијата за вашата компанија, или да ги подобрите услугите кон клиентите/потрошувачите  –  социјалните медиуми ќе ви помогнат подобро од кој било друг медиум.

Кога станува збор за компаниите и нивните онлајн профили најважно е создавањето блискост и градење доверба со клиентите, посебно за големите компании кои важат за безлични, далечни и скоронедостапни за обичниот корисник.

Социјалните мрежи нудат уникатна можност за голем број компании да ја подобрат интеракцијата и комуникацијата со потрошувачите, затоа што овие платформи се со сосема различна примена од комуникација преку традиционалните медиуми. На социјалните мрежи може да се фокусирате на дијалог со клиентите и потрошувачите наместо традиционалното стандардно one-way емитување и рекламирање.

Преку традиционалните медиуми вие кажувате дека сте бренд, а преку активноста на социјалните мрежи тоа го покажувате и докажувате. Па, затоа пред да се настапи на овие нови медиуми мора да се изготви добар план и идеја како ќе се дејствува и активно ќе се учествува на тие платформи. Навистина е погрешно е да се отвори Фејсбук страна или Твитер профил само поради тренди присутност на социјалните мрежи и притоа ретко да се постира, да се нема брз респонс и брза реакција на коментарите и на прашањата од корисниците, а потоа на тоа да се гледа како залудно губење време и пари. Живееме во нова сфера на социјализација и компаниите што побргу го сфатат тоа, толку посериозно треба да размислат за инвестирање време, пари и напор во планирање на стабилна поставеност на социјалните медиуми.

Слично како и во начинот на којшто функционира светот на бизнисот, со претходно направено истражување и план пред извршување, може да се каже дека истото важи и за социјалните медиуми. Креирање на план за социјалните медиуми ќе ви постави етапи по кои ако ги следите и ги извршувате тогаш гарантирано ќе го зголемите успехот на препознатливост, а исто така и ќе научите што точно сакаат, бараат и очекуваат вашите потрошувачи.

Затоа, напредните и современите компании можат да наидат на голема поткрепа и придобивка од социјалните мрежи, презентирајќи ја својата вистинска вредност во заедницата каде што работат и едукативно, добронамерно и пријателски да изградат доверба и разбирање кај корисниците давајќи им на знаење колку тие се важни за околината, бизнисот и за економијата на локално и на национално ниво.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365