Home » Во фокусот » Во 2017 година дигиталните медиуми ја надминаа телевизијата и го превземаа приматот во приходите од огласување

Во 2017 година дигиталните медиуми ја надминаа телевизијата и го превземаа приматот во приходите од огласување

Во светот во 2017 година, брзо растечкото огласување на интернет за прв пат генерираше повеќе приходи отколку традиционално најсилниот медиум, телевизијата

Според податоците на истражувачката куќа Magna, во сопственост на маркетинг компанијата IPG Mediabrands, 2017 година беше преломна за огласувачката индустрија. За прв пат оваа година, беше забележано дека компаниите од целиот свет вложиле повеќе пари во дигиталното, отколку во телевизиско огласување. Се случи пресврт, кој беше предвиден во текот на изминатите неколку години.

Дигиталното рекламирање е во пораст од почетокот на оваа деценија. Во 2010 година, околу 62,5 милијарди долари беа инвестирани низ целиот свет, по што следеше вртоглав пораст. Така, минатата година дигиталното огласување вредеше околу 178 милијарди долари во приходи. За тоа време, телевизиското огласување од 157 милијарди долари се искачи на 182 милијарди долари, па 2016 година речиси дојде до изедначување на овие два сектора.

Но, проценките за 2017 година покажуваат дека онлајн огласувањето порасна на речиси 209 милијарди долари, додека ТВ огласувањето остана на истото ниво како претходната година, па дури и малку се намали. Следната година, ТВ огласувањето повторно би требало да биде на ниво како во 2016 година, додека дигиталното огласување, најверојатно, ќе продолжи да порасне – за околу 13%.

Моментално, онлајн огласувањето изнесува 41% од светскиот рекламен пазар, а ТВ држи 35%. До 2020 година, дигиталните реклами треба да надминат 50% од уделот на пазарот.

 

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365