Home » Во фокусот » Во четврток ќе се одржи 28-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Во четврток ќе се одржи 28-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Овој четврток (22 март) со почеток од 18:00 часот во Next Bar & Food во населба Аеродром во Скопје, ќе се одржи 28-то по ред издание на најпознатиот бизнис-нетворкинг настан во државата – Бизнис Кафе Македонија.

На новото Бизнис Кафе се поканети да присуствуваат сите активни чинители во бизнис заедницата во Македонија и сите оние кои сакаат да стекнат нови бизнис-контакти и да слушнат и научат од искуствата на тројцата говорници.

Со присутните, своите бизнис и животни патишта и научени лекции ќе ги споделат Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија и Жарко Костиќ, мотивациски говорник, доктор по медицина.

Бројот на гости на настанот е ограничен и затоа е потребно што поскоро да си го резервирате Вашето место со картите кои може да се набават на следниов начин:
– Online, преку сервисот Купи Карти за Се на следниов ЛИНК
– На фактура, пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365