Home » Во фокусот » Во четврток стартува новата сезона на Бизнис Кафе Македонија

Во четврток стартува новата сезона на Бизнис Кафе Македонија

Овој четврток (24-ти ноември) со почеток од 18:00 часот, во кафе-бар “Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 20-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.

Со овонеделното “кафе“  воедно стартува и новата 4-та по ред сезона на овој единствен нетворкин настан кој има за цел да мотивира и инспирира деловни успеси и нови бизнис-соработки.

foto_-%d0%b1%d0%b8%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%81-%d0%ba%d0%b0%d1%84%d0%b5-%d0%b1%d1%80-20

Овојпат, како гости-говорнци кои со посетителите ќе ги споделат своите животни и бизнис приказни доаѓаат:

  • Г-дин Венкo Андоновски, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар…
  • Г-ѓа Емилија Филдишевска, туристички работник, сопственичка на компанијата “Македонија Травел“ – една од водечките компании за туристички услуги во Македонија ; и
  • Г-дин Николче Мицевски –  композитор, автор, инструменталист, хармоникаш и клавирист.

Ако сакте да чуете нови бизнис-искуства, да дознаете кој бил рецептот за успех на нашите гости или едноставно само да се дружите и да запознаете нови деловни контакти, резервирајте си ја вашата карта на “Купи карти за се“ преку овој ЛИНК, или со испраќање на    e-mail на следната адреса: mkbizniskafe@gmail.com

Главни покровители на 20-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Бизнис Кафе Македонија е дел од франшизата Бизнис Кафе која потекнува од Хрватска, а Скопје, заедно со Загреб, Белград, Сарево, Подгорица и Љубљана досега бил домаќин на повеќе од илјада бизнисмени-стопанственици, врвни менаџери и стартап ентузијасти кои заедно биле дел од некое од претходните изданија и учествувале во стотиците зделки договорени како резултат на остварената бизнис-дружба во неформалната и опуштена атмосфера.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365