Home » Во фокусот » Во новата реклама, Ауди дава нова причина за живот

Во новата реклама, Ауди дава нова причина за живот

Новото видео наречено “Final Breath“, од агенцијата Venables Bell & Partners, во еден момент преминува од потресно во возбудливо

Во новата реклама од агенцијата Venables Bell & Partners, со наслов ” Final Breath”, автомобилската компанија Ауди ни ја носи приказната за животот на еден авантурист, на кој целиот живот му се врти пред неговите очи додека лежи на својата смртна постела. И токму кога го зема последниот здив, нешто неочекувано ќе го натера неговото срце повторно да чука.

Го поминав животот во движење, неуморливо одејќи напред“, започнува монологот, а потоа се прикажуваат сцени како танцува, како помага во рушењето на Берлинскиот ѕид и генерално, како го живее животот со полна снага. Во моментот кога срцевиот монитор покажува права линија, новиот Audi RS 5 Coupe со својот звук пред куќата, ќе му деде нова причина за живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365