Home » Во фокусот » Во последните 3 месеци, Трамп потрошил 5,6 милиони долари за Фејсбук и за Гугл реклами

Во последните 3 месеци, Трамп потрошил 5,6 милиони долари за Фејсбук и за Гугл реклами

Само во последните три месеци се потрошени 5,6 милиони долари, според истражувањето спроведено од страна Bully Pulpit Interactive.

Иако до следните претседателски избори во САД има една и пол година, потенцијални кандидати се` повеќе се вклучуваат во трката. Некои привлекуваат внимание со своите идеи и ветуваат големи работи, други едноставно тврдат дека можат подобро да ја завршат работата од сегашниот претседател.

Но, ниту Доналд Трамп не седи со скрстени раце. Тој веќе го користи Твитер за да ги коментира актуелните политички, економски и други настани, но исто така и да се пресметува со своите противници.

Сепак, штабот на Трамп веќе започна сериозно во освојувањето на социјалните мрежи и привлекувањето на гласачите.

Исто како и во претходните избори, кога тој победи на претседателските избори, штабот на Трамп го насочи вниманието на таргетирани реклами кои ќе бидат прикажани на потенцијалните гласачи додека сурфаат на интернет или користат некои од социјалните мрежи.

Она што е особено интересно се всушност, износите кои тимот на Трамп веќе ги потрошил за вакви персонализирани реклами.

Само во последните три месеци потрошиле 5,6 милиони долари, според истражувањето спроведено од Bully Pulpit Interactive. Тоа е двојно повеќе од сите други кандидати на Демократската партија заедно.

За споредба, кандидатот Елизабет Ворен, во истиот период потрошила “само” 626.000 долари.

Уште е поинтересно да се погледне малку поблиску каде отишле парите на Трамп.

Дури 3,5 милиони долари биле потрошени на социјалната мрежа која на Трамп не му се допаѓа и која, секогаш кога е можно, ја споменува во негативен контекст – Фејсбук, но која пред две години беше искористена за привлекување на гласачи во неговиот табор.

Преостанатите 2 милиони долари биле потрошени на реклами на Google.

Зад оваа дигитална кампања стои Бред Парскал, маркетиншки и интернет експерт кој Трамп го доведе во Белата куќа и го назначи за раководител на неговата кампања.

Да се потсетиме, дигиталната кампања на Трамп минатите избори е поврзана со компанијата Кембриџ Аналитика и податоците кои биле неовластено собрани од корисниците на Фејсбук. Иако Парскал, на фестивалот Денови на комуникации во Ровињ минатата година, тврдеше дека нивните реклами биле ефикасни, бидејќи постојано се прилагодувале на потенцијални гласачи, многумина сеуште веруваат дека токму Кембриџ Аналитика помогнала во тоа.

Податоците од Bully Pulpit Interactive покажуваат дека кампањата на Трамп избра “дигитален пристап” за потенцијалните гласачи. Тие купуваат реклами таму каде што се наоѓаат гласачите – на Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger, и ги прилагодуваат на секоја сојузна држава.

Фактот дека штабот на Трамп уште сега троши големи средства за персонализирани реклами на социјалните мрежи, значи дека до крајот на кампањата тие износи ќе се мерат во десетици милиони долари.

Но, за разлика од претходните избори, социјалните мрежи (особено Фејсбук) ги променија правилата и ставовите во однос на политичките кампањи, па кампањата на Трамп (и сите други кампањи) ќе биде под посебен надзор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365