Откако Телеком Словенија првa во Словенија го направи следниот чекор во развојот на мобилната технологија, од денес официјално 5G мрежата е достапна за корисниците, објави весникот Дело.
Телеком Словенија воспостави национална мрежа на петтата мобилна генерација на фреквентен спектар од 2600 MHz, што се користи и за мрежата на четвртата мобилна генерација.
Најголемата разлика што ќе ја забележат првите корисници на 5G мобилната мрежа на Телеком ќе биде поголема брзина на пренос на податоци и подобар одзив.
Понудата на телекомуникациски пакети ќе биде проследена со понуда прилагодена на намената. Телеком Словенија соопшти дека областите како што се енергетика, транспорт, логистика, индустрија, паметни градови, здравство, заштита и спасување (јавна безбедност) и други се најперспективни за мрежната технологија 5G и спроведувањето на напредните комуникации.
Во првиот чекор, најголемиот домашен телекомуникациски оператор веќе надгради повеќе од двесте базни станици со 5G сигнал, а до крајот на годината се очекува 33% од населението на Словенија да може да го користи 5G сигналот.