Home » Во фокусот » Volkswagen ги разбива табуата со оваа реклама за семејните односи

Volkswagen ги разбива табуата со оваа реклама за семејните односи

Семејствата во рекламите се секогаш среќни, или во најлош сличај, хумористично дисфункционални. Оваа подолга реклама за Volkswagen го разбива ова правило, а со самото тоа и табуата

Постои некое непишано правило дека брендовите во своите реклами, секогаш ги прикажуваат семејствата во позитивен тон. Семејството е средина на љубов и сигурност, или во најлош случај, семејствата се хумористично дисфункционални кога се рекламите во прашање. Ретко ќе видете брендирана содржина која отскокнува од овие норми и ја прикажува онаа потешката страна на семејните односи.

Сега Volkswagen во Данска направи 6 минутен филм што го прави токму тоа, покажувајќи го комплицираниот однос помеѓу таткото и синот, кои тргнале на заедничко патување во старата Буба на таткото. Од самиот почеток е очигледно дека патувањето нема да биде лесно, бидејќи таткото и синот го преиспитуваат и анализираат својот однос. Во завршницата, рекламта ни донесува потресна кулминација, која го остава гледачот подеднакво меланхоличен и трогнат .

Рекламата ја направи The Very Agency, која соработувала со режисерот Sune Svanborg Sørensen, креативниот директор Thomas Pries и продукциската компанија Shoot Happens. Сценариото на видеото сигурно не е револуционерно, всушност е прилично вообичаено, но за некој филм.  Но, крајно е невообичаено и храбро за комерцијален оглас на еден бренд, а приказната е многу вешто раскажана.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365