Home » Во фокусот » Volvo cars и Uber со здружени сили ќе развиваат автономни возила

Volvo cars и Uber со здружени сили ќе развиваат автономни возила

Шведскиот автомобилски гигант Volvo cars и компанијата Uber, компанија за делење на превоз, ги здружија силите за развој на следанта генерација автономни возила.

Двете компании потпишаа договор за поставување на заеднички проект кој ќе развие нова платформа за возила кои ќе може да ги вклучи најновите достигнувања на AD (автономно возење) технологијата, вклучувајќи дури и целосно автономни возила. Возилата ќе бидат произведени од Volvo Cars, кој ќе ги продаде на Uber. Двете компании заеднички ќе вложат 300 милиони долари во овој проект.

И Volvo и Uber ќе ја користат истата платформа на возила за следната генерација од нивната стратегија за автономни возила. Ова значи, додавање на самоуправувачкиот систем на Uber во Volvo возилата. Исто така, Volvo ќе ја употреби истата база на автомобил за следната фаза за автономни возила, кој ќе вклучи и целосно автономно управување.

Проектот претставува значаен чекор во автомобилскиот бизнис со автомобил произведен со заеднички сили и нова автомобилска компанија од Силиконската долина, потенцирајќи го начинот на развој на глобалната автомобилска индустрија во одговор кон новите технологии. Алијансата претставува почеток на она што двете компании го очекуваат од долгорочното индустриско партнерство.

Хакан Семуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars, вели: „ Volvo е светскиот лидер во развој на активна безбедност и технологија за автномно управување, со многу кредибилитет во сферата на безбедноста. Ние сме многу горди да бидеме избрани партнери на Uber, еден од лидерите во технолошките компании. Партнерството го сместува Volvo во срцето на најновата технолошката револуција во автомобилската индустрија“.

Новите возила ќе се развиваат на SPA (Scalable Product Architecture) модуларот на Volvo Cars, една од најразвиените светски архитектури кои се користат во најновите престижни и наградувани возила XC90 SUV, S90 премиум седан и V90 премиум естејт. SPA архитектурата ќе биде дел од глобаната индустриска програма од 11 милијарди долари, започната во 2010 година и е основна база за најновите технологии за автономни возила, како и следната генерација за електрификација и развој на поврзаноста. Ова е капацитетот кој го привлече Uber да соработува со Volvo.

Работата ќе се развива со инженери од двете компании со заедничка тесна соработка. Овој проект ќе придонесе во употребата на SPA платформата која вклучува безбедност и најновите можност на автономните возила на патиштата.

Травис Каланиќ, извршниот директор на Uber, вели: „Повеќе од милион лица умираат во сообраќајни несреќи секоја година. Овие трагедии може да се спречат од самоуправувачките технологии во возилата, но тоа не може да го сториме сами. Ова е причината за нашето партнерство со најголемиот автомобилски производител, како што е Volvo. Оваа компанија е лидер во развоојот на автомобилите и најдобра во однос на безбедноста. Со комбинација на капацитетите на двете компании ќе стигнеме побрзо до иднината, заеднички“.

Повеќе можете да погледнете на кратките видеа:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365