Глобалната кампања потсетува на придонесот на возачите на камиони во време кога целиот свет мораше да запре
Позиционирањето на Volvo Trucks како омилен камион на патиштата низ целиот свет, има ново значење заради кризата COVID-19.
Во овие услови, новата кампања „Херои на патот“, која за Volvo Trucks ја креираше бразилската агенција SoWhat, вели „Создаваме историја додека одиме напред, кога сите треба да застанат“, алудирајќи на возачите на камиони кои превезуваат лекови, храна и влеваат надеж дека светот нема да запре.
Кампањата е дизајнирана за бразилскиот пазар, но брендот ја прошири пораката и на другите говорни подрачја и земји, носејќи порака дека „и покрај далечината, илјадници од нас трчаат заедно“. На тој начин, кампања е усвоена на глобално ниво и вклучува верзии на англиски, португалски и шпански јазик, барајќи од возачите да ја продолжат својата херојска мисија за снабдување на градовите.
„Во овие времиња на големи превирања, освен снабдувањето на градовите, возачите на камиони ги ризикуваат нивните животи. Признавањето на овие напори е заслужена почит на категорија која честопати е потценета. Чувствителноста со која се занимава кампањата ги премина границите со носење порака на надеж. После емитувањата во Бразил и во Јужна Америка, кампањата беше прифатена и на глобалните канали за го претстави нашиот глас“, изјави Даниел Хомем де Мело, директор за брендирање, маркетинг и комуникации за Volvo Trucks во Јужна Америка.