Home » Во фокусот » Враќање на најкултниот постер на сите времиња

Враќање на најкултниот постер на сите времиња

Овој пат брендот не ја фокусира својата порака на машките погледи, туку на самодовербата на жената.

Компанијата Wonderbra ја враќа својата култна реклама по речиси 25 години, но со неопходните промени што ќе му овозможат совршено да се вклопи во денешниот свет.

Рекламата “Hello Boys“, која предизвика контроверзии кога се појави за прв пат, сега се претвора во силна порака за жените, со нов слоган “Hello Me“. Во рекламата гледаме девојка во слична поза како и оригиналот, со градник без рамки, но овој пат нејзината самодоверба не е фокусирана на машките погледи и нејзината цел не е да задоволи некој друг, туку самата себе.

Од брендот велат дека е време за освежување на нивните претпоставки и тоа на начин со кој ќе ја слават “ерата на силните жени, жени кои одлучуваат сами и за себе, жени кои својата сексуалност ја добиваат  од нивната внатрешна самодоверба. Жени кои сакаат да бидат секси за себе, кога ќе го посакаат тоа”.

Хедер Ногуеира, маркетинг директор на матичната компанија на брендот Wonderbra, компанијата Hanesbrands, изјави: “Оваа кампања доаѓа во клучно време кога општеството ја испитува валидноста и кредибилитетот на рекламите, кои ги претставуваат жените на навредлив начин, особено во индустријата на долна облека. Ние веруваме дека старите клишеа на жени кои изгледаат секси за да привлечат нечиј поглед сега се заменуваат со жени кои сакаат да се чувствуваат секси под сопствени услови. Оваа кампања е наш начин на зајакнување на жените да ја изразат својата индивидуалност, со самодоверба и во свој стил. Научивме многу од кампањата Hello Boys, но сега е време Wonderbra да прифати една нова парадигма на женското еманципирање. “

Оригиналната реклама “Hello Boys” во 90-тите ја креираше агенцијата TBWA, а моделот кој се појавува во неа е манекенката Ева Херцигова. И покрај тоа што поттикна контроверзии и обвинет е за предизвикување сообраќајни несреќи, јавноста го прогласи за најкултен постер на сите времиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365