Ирскиот бренд за алкохолни пијалоци Baileys се здружи со Женската литературна награда за фикција со цел да создадат специјална колекција на новели кои се напишани од жени, но оригинално биле публикувани под машки псевдоними.
Голем број на женски писатели низ историјата се чувствувале принудени да публикуваат литературни дела под машко име за да бидат сфатени посериозно во литературните кругови и во јавноста. Меѓу останатите, во колекцијата на Baileys ќе бидат вклучени и дела на писателки како Мери Ан Еванс, Ан Петри и Амантин Аурора Дупин, познати под нивните псевдоними Џорџ Елиот, Арнолд Петри и Џорџ Сенд.
Кампањата со паслов „Врати го нејзиното име“ („Reclaim her name“) е создадена по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Женската литературна награда за фикција, како една од најпрестижните литературни награди на Британските острови.
Креативците чии имиња се потпишани позади кампањата се Софи Тејлор и Џорџ Роб од агенцијата VMLY&R.