Македонската Национална Асоцијација за Франшизен Развој МАКФРАН (www.makfran.mk), поддржана од своите членки, сопственици и корисници на франшизи и експерти за фаншизни системи, организира Втор форум за Франшиза 2026 – „Како до Франшиза!“, по повод Светскиот ден на франшизата 10 јуни. Настанот ќе се оддржи во периодот од 12 до 14:30 часот во М6 Едукативниот центар.
Низ дискусиите на учениците на Форумот , присутните ќе имаат прилика да се запознаат со најновите трендови во франшизните системи, институционалната поддршка и можностите како да се почне или прошири бизнис со франшиза, преку конкретни примери од самите иматели и корисници на франшизи во Македонија.
На Саемот на франшизи кој ќе биде составен дел на Форумот, ќе има можност за лични средби со франшизерите за директно воспоставување на деловни релации.
Учеството е бесплатно, заради ограничен капацитет задолжителна е ваша претходна регистрација на следниот линк, каде можете да ја видите и агендата на настанот































