Home » Во фокусот » Второ издание на единствената конференција за трендови во евент индустријата – Showtime 2017

Второ издание на единствената конференција за трендови во евент индустријата – Showtime 2017

По успешното прво издание минатата година, Showtime се враќа со уште посилна програма.

Единствената конференција за трендови во евент индустријата кај нас ShowTime, оваа година најавува проширено, регионално издание, со уште поголем број на интернационални говорници и фокус на најактуелните трендови и теми во евент и MICE индустријата во периодот кој доаѓа.

Се работи за конференција која ќе ја стави Македонија на мапата на индустријата која во моментов е во огромен подем и раст како регионално, така и глобално – евент индустријата, односно MICE (meetings, incentives, conferences & events) индустријата. Станува збор за конференција која ниту еден маркетинг професионалец не смее да ја испушти со оглед на тоа дека настаните во живо, директните промоции, incentives, активации, тим билдинзи итн се се’ повеќе користена алатка за сметка на традиционалните медиуми кои се поретко ја допираат посакуваната целна публика на начин на кој сакаме.

Она што е добро е што истата ќе понуди релевантна содржина и за сите freelance организатори на настани, понудувачи на услуги од оваа дејност, помали агенции и индивидуалци кои сакаат да започнат самостојно да се занимаваат со оваа дејност или да ја градат својата кариера во истата.

Во моментот е објавен првиот круг на говорници – седум интернационални, реномирани професионалци и говорници од индустријата, а од организацијата ветуваат и збогатување на оваа постава.

Дополнително, наскоро очекувајте и најава за Showtime Awards – единствената прилика да аплицирате со вашиот проект и настан во една од повеќе категории, а во конкуренција на регионални апликации и стручно жири од професионалци од индустријата кои ќе ги оценуваат проектите.

Несомнено ова е настан кој ќе ја обедини маркетинг елитата како и останатата бизнис публика и посетители кај нас и од регионот, па не испуштајте да бидете таму!

Следете ја Facebook фан страната и официјалниот веб сајт за повеќе информации околу говорниците и агендата на настанот.

Не ја испуштајте приликата за Super Early Bird билети по цена од 2.614 денари до 10.04.2017!
Ако се уште ве интересира зашто треба да бидете таму, погледнете овде!

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365