Home » Во фокусот » WARC го претстави новиот извештај The Future of Strategy 2018

WARC го претстави новиот извештај The Future of Strategy 2018

WARC ги објави резултатите од своето неодамнешно глобално истражување помеѓу високи стратешки експерти, кои ги нагласуваат предизвиците со кои се соочуваат и влијанието што го имаат стратешките одделенија врз променливиот маркетинг простор.

Врз основа на анкетата на повеќе од 500 високи планери и стратези од целиот свет, вториот извештај на WARC за иднината на стратегијата, Future of Strategy, обезбедува квантитативни и квалитативни податоци за моменталната состојба и идните очекувања на индустријата, а клучните наоди се:

  • Стратешките тимови ќе продолжат да се прошируваат со континуираниот раст на нивното влијание

Повеќе од половина од стратезите и планерите очекуваат нивните тимови да растат во текот на следната година, а повеќето сметаат дека влијанието на планирањето е во пораст, како во рамките на нивните агенции, така и меѓу клиентите. И покрај овој оптимизам, постои чувство дека вештините на планерите не се применуваат секогаш најефикасно, што обично му се припишува на брзината на промените во индустријата и фокусот на клиентите на технологијата, наместо на одржлива стратегија.

  • Намалувањето на буџетите го загрозуваат “занаетот” на стратешките експерти

Буџетските притисоци се јасна пречка за планерите и стратезите на глобално ниво. Повеќето испитаници во сите региони велат дека намалувањето на буџетот кај клиентите влијае на стратешките тимови. Ова води кон краткорочно размислување од страна на клиентите. Од друга страна, тоа значи и помалку буџети за овие одделенија внатре во агенциите и за планерите.

Роб Кембел, директор за стратегија во агенцијата Deutsch, забележува: “Се` помалку и помалку планери го поминуваат своето време во реалниот свет и претпочитаат да го набљудуваат од удобноста на нивните истражувачки извештаи и пребарувања на Google.”

  • Конкуренцијата за стратешките услуги расте

Маркетинг стратегијата веќе не е само специјалност на агенциите: стратегиските услуги се повеќе се нудат од консултантски компании, технолошки и медиумски компании или in-house тимови кај клиенти. Ова значи поголема конкуренција за планерите во агенциите; но исто така може да значи и пошироки можности за развој на кариерата за индивидуалните планери.

Ден Бурдет, директор на маркетинг иновации за регионот ЕМЕА во eBay, го постави прашањето: “Во свет каде што сите на некој начин се натпреваруваат со момците во Сиетл, како да се формираат коалиции кои ќе донесат придобивки за сите на нашите компании и ќе помогнат во развојот на индустријата?”

  • „Upstream vs downstream” останува клучна разлика

Постои тензија во однос на областите во кои планери сакаат да работат – на проблемите во работењето – и реалноста на нивните секојдневни улоги, каде што во многу случаи им е ограничен пристапот до податоците за клиентите, а зголемен фокусот на тактичките елементи на кампањата. Повикувајќи се на различните визии за стратегијата во индустријата и потенцијалните потреби на новото дефинирање во маркетинг услугите, неколку испитаници тврдат дека врската помеѓу стратегијата и имплементацијата останува клучна.

Паула Блудворт, директор на стратегија на брендови во агенцијата Wieden + Kennedy, Лондон, коментира: “Кога потрошувачите се менуваат толку брзо, треба да бидеме поегзекутивни во начинот на кој планираме, и треба да бидеме повешти, пофлексибилни и повеќе прилагодливи.”

Сумирајќи ги наодите од извештајот, Дејвид Тилтман, директор за содржина во WARC, вели: “Извештајот WARC за иднината на стратегијата за 2018 година ја открива дисциплината во тек. Општо земено, постои чувство на оптимизам – поголемо влијание и растечки тимови. Сепак, тоа е поткопано од влијанието на буџетските кратења кај клиентите и пошироко, со чувството дека планерите и стратезите не растат, онака како би можеле во постојните структури во агенциите, во време кога расте конкуренцијата на стратешките услуги. “

Прегледот на извештајот Future of Strategy беше откриен за време на WARC Day на овогодинешниот Меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions, со сознанијата кои ги споделуваат високи светски стратези. Подолу е видеото со клучните моменти од оваа презентација:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365