Home » Во фокусот » WARC: Само 22% од брендовите и 18% од агенциите се подготвени за Генералната регулатива за заштита на податоците на Европската унија

WARC: Само 22% од брендовите и 18% од агенциите се подготвени за Генералната регулатива за заштита на податоците на Европската унија

Ефикасното управување со податоците е клучен приоритет за брендовите во 2018 година, е заклучокот на Toolkit 2018 извештајот, подготвен од страна на WARC, после анкетирањето на повеќе од 600 маркетинг и огласувачки експерти ширум светот.

Брендовите ќе мора да воведат подисциплиниран, проактивен пристап во управувањето со податоци. Предвиденото воведување на Генералната регулатива за заштита на податоците на Европската унија (GDPR), која ќе стапи на сила на 25 мај 2018 година, најверојатно ќе има значајно влијание на начинот на кој компаниите складираат и користат податоци за потрошувачите. Со воведувањето на GDPR, секоја компанија, без оглед на тоа каде се наоѓа или каде и` е седиштето – а која поседува информации за граѓаните на Европската унија, ќе биде предмет на строги нови законски регулативи кои се однесуваат на користењето на личните податоци.

Toolkit 2018 откри и еден застрашувачки податок. Имено, индустријата во голема мера не е подготвена за нови начини на работа под оваа регулатива. На глобално ниво, само мал број испитаници – 22% од брендовите и 18% од агенциите, велат дека се подготвени за оваа промена.

Арди Колах, раководител на Програмата за транзиција на GDPR во бизнис школата Хенли, советува: “Направете чекор наназад и размислете за што се работи: тука се работи за репутација, а не за регулација. Се работи за тоа да направите правилна работа. Сето тоа е за заштита на репутацијата.”

Покрај новите правила што стапуваат на сила, брендовите сакаат да преземат поголема контрола врз своите бројни извори на податоци во насока на подобрување на искуството на корисниците и воведување нови маркетинг пристапи.

На пример, податоците ќе бидат клучни за испорака на “mass-one-to-one marketing“, што ќе го поттикне следниот бран на дигитален раст, тврди Марк Притчард, бренд директор во компанијата Procter&Gamble. Тој вели: “Овој нов премин на еден-на-еден маркетинг ќе донесе голема промена. Работите ќе се преселат во управувањето со податоци, и мора да размислиме за стандардните на податоците, и како треба да дејствуваме. “

Верити Џил, дигитален директор во агенцијата Ebiquity, додаде: “До сега предизвикот кај големите податоци едноставно беше справување со нивниот обем, но сега кога почнавме да се справуваме со нивното складирање и користење, нашата грижа во 2018 година ќе биде дефинитивно насочена како подобро да ги искористиме овие податоци. Можеби 2018 година ќе биде година на “ефикасност на податоците“.

Меѓу другите клучни наоди на анкетата на WARC Toolkit 2018 се следните:

  • 55% од брендовите и 59% од агенциите ќе стават приоритет на собирање на податоците од ‘big data’
  • Само 25% од испитаници во Европа во анкетата сметаат дека се подготвени за GDPR. Во остатокот на светот, само 12% велат дека се подготвени и покрај тоа што GDPR ќе влијае на сите компании кои имаат потрошувачи во ЕУ.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365