Тема: Влијанието на инфлуенсерите врз потрошувачите
Датум и време: 08.02.2023, 19 часот
Линк за пријавување: https://landing.bas.edu.mk/webinar02
Денес на технологијата се гледа како на алатка која го олеснува секојдневниот живот и овозможува брзо и едноставно решавање на сите предизвици. Овој интензивен технолошки развој им овозможи на социјалните мрежи доминантно место во онлајн светот и суштинска промена, не само на маркетинг комуникациите, туку и на комуникацискиот пејзаж во најширока смисла на зборот. Нивната популарност предизвика намалување на влијанието на традиционалните медиуми и потреба од примена на нови маркетинг стратегии кои на современ и иновативен начин ќе влијаат на ставовите кај потрошувачите. Со оглед на влијанието кои го имаат овие социјални платформи на потрошувачите и нивното однесување т.е. создавање желби и потреби кои реално и не постојат, промената во маркетинг стратегијата е императив за секоја компанија.
Последниве неколку години сведоци сме на еден нов тренд на т.н. генерација на инфлуенсери кои имаат значително влијание врз навиките кај потрошувачите. Станува збор за релативно нов поим кој со молскавична брзина станува дел од новите маркетинг стратегии кои се прилагодени на новото време. Influencer marketing или маркетинг која се базира на промоција на производи и услуги преку инфлуенсери е современа и иновативна стратегија за привлекување на потрошувачи и влијаење на нивните ставови и намери за купување.
Како секој тренд, така и овој, е предизвик на многу, пред се, млади личности, кои мислат и искрено се надеваат дека на брз и лесен начин ќе заработат. Сепак, станува збор за комплексна и една од најбараните интернет маркетинг алатки која ќе им помогне на компаниите да си го зацврстат својот имиџ долгорочно. Со цел да се влијае на широката маса на следбеници потребно е да постои автентичност кај самиот инфлиенсер која ќе помогне во процесот на градење на доверба и влијаење на мислењата, ставовите, вредностите, намерите и одлуките за купување преку давање совети, информации, лично искуство, забава, друштво или утеха. Ова бара континуирано вложување во градење на вештини кои ќе ги направат морално одговорни личности кои релациите со своите следбеници ќе ги градат на взаемна почит, разбирање и професионалност.
За таа цел, Бизнис академија Смилевски-БАС го организира вебинарот „Влијанието на инфлуенсерите врз потрошувачите“ со проф. д-р Маја Кузмановска. Вебинарот ќе се одржи на 08.02.2023 со почеток во 19 часот преку Zoom. Деталите за настанот и пријавувањето се достапни на следниов линк: https://landing.bas.edu.mk/webinar02