Home » Digital » YouTube ја овозможи опцијата YouTube Stories за креаторите со повеќе од 10.000 претплатници

YouTube ја овозможи опцијата YouTube Stories за креаторите со повеќе од 10.000 претплатници

Пред една година, видео сервисот YouTube лансираше својата сопствена верзија на Stories, а тоа е кратка форма на видеа со наслов Reels

Функцијата беше преименувана во YouTube Stories, a првично беше достапна само за избрани креатори на YouTube. Меѓутоа, сега опцијата им е овозможена на сите креатори кои имаат повеќе од 10.000 претплатници.

YouTube Stories полека се проширува на поголем број на креатори и им дава пристап до новите креативни алатки кои вклучуваат можност за украсување на видеата со текст, стикери, филтри и слично.

Можноста е во голема мера инспирирана од она што го нудат Snapchat и Instagram, но во овај случај YouTube Stories исчезнуваат по седум дена, а не по 24 часа.

Целта е преку YouTube Stories на креаторите да им се овозможи лесен начин за комуникација со нивните фанови покрај нивните уредени клипови. Денес, креаторите не ја вклучуваат камерата и почнуваат да се снимаат, туку создаваат професионални содржини за кои е потребно уредување и многу работа пред објавување. Затоа Stories служат за комуникација помеѓу објавувањето на видеата додека се во процес на изработка, можност да се покажат деталите зад сцената, да се понудат тизери и слично.

Креаторите на новата опција можат да ја користат апликацијата на YouTube, да ја изберат иконата на камерата, а потоа и опцијата „Create Story“. Корисниците на видео сервисот кои ќе гледаат YouTube Stories, можат да ги стават like, dislike и срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365