Корисниците на најголемиот интернет видео сервис во светот наскоро, со помош на нова опција, ќе бидат во можност да го ограничат времето на гледање. Новите алатки, кои се едноставни за користење, би требало да станат достапни на глобално ниво до крајот на оваа недела.
Алатките се состојат од збир на статистички податоци за тоа колку време сте поминале гледајќи видеа на YouTube, вклучително и YouTube Music и YouTube TV, неколку дополнителни опции со помош на кои можете да одредите кои известувања ќе ги добивате од овај сервис и колку често, како и можноста за поставување ограничување на гледање.
Статистичките податоци се поделени на гледање за време денешниот и вчерашниот ден и минатата недела, а вклучуваат и неделен просек. Тие се засноваат на она што може да се најде во вашата историја на прегледи. А доколку ја избришете или не ја вклучите, податоците нема да бидат точни.
Сепак, не е јасно дали се сметаат видеата кои биле прегледани додека не сте биле поврзани на интернет. А ако имате повеќе канали на YouTube со истиот кориснички налог, ќе ви бидат достапни падатоците само за прегледите кои сте ги направиле додека сте биле најавени во вашиот главен кориснички профил.
За да дојдете до статистичките податоци на мобилен телефон, доволно е да отворите YouTube и да кликнете на вашиот профил во горниот десен агол, за да го отворите менито за поставки. Во менито, пронајдете ја опцијата Time watched.
Кога станува збор за десктоп компјутерите, се чини дека Google се уште не го надоградил својот веб-интерфејс за YouTube, кој би ја поддржал новата функција.