Home » Extra 5 » За Атлантик група вработените се најголемата вредност

За Атлантик група вработените се најголемата вредност

Тим од Атлантик Група од Македонија, формиран од петмина колеги од различни сектори е победник на националниот Case Study натпревар во организација на IEDC Бледското училиште за менаџмент. Со освојување на првото место во националниот натпревар, македонскиот тим на Атлантик Група се квалификуваше за глобалниот  Case Study натпревар.

Наградената екипа

Наградената екипа

Главната цел на оваа иницијатива е промоција на деловната едукација, бидејќи во конкурентно опкружување, за успех на една компанијата е од клучно значење да има вредни вработени, свесни дека во опкружувањето во кое делуваат, можат да успеат единствено заедно и како тим.

Но, малку компании во нашиот регион ги поддржуваат и ги мотивираат своите вработени и воведуваат нови практики. Атлантик Група е хрватска мултинационална компанија со повеќе од 5.000 вработени во своите претставништва во 11 земји во Европа и очигледно компанија чиј фокус, покрај добрите деловни резултати е и поддршката на вработените да го искористат својот целосен потенцијал и да ги развијат своите вештини, но и да привлекуваат и негуваат најразлични таленти и да ги развиваат нивните потенцијали.

Веруваме дека компанијата ја сочинуваат вработените и затоа Атлантик Група посебен акцент става на управувањето со личниот раст и развој на кариерите на вработените, низ разни едукативни програми, од активен развој на лидерски вештини и талент менаџмент програми, до препознавање на млади таленти и развој на секој вработен низ индивидуални развојни програми, преку интерактивна апликација ХР нет која е достапна низ нашиот информативен систем“ – објаснува Елизабета Мирчевска, Регоналниот директор на човечки ресурси за Србија и Македонија, по повод успехот на своите колеги.

Во Атлантик Група управувањето со талентите претставува управување со човечкиот капитал и тоа е долгорочен, сеопфатен и интегриран пристап, во креирањето и одржувањето на компетентноста на компанијата и задржување на талентите и нивните наследници за сегашните и идните потреби на Атлантик Група.

„Со заеднички ентузијазам кон добрите резултати, вработените создадоа динамично и креативно работно опкружување  во кое се негува тимската работа, поттикнуваат и го почитуваат професионализмот, отвореноста и одговоноста кон остварување на посакуваните цели. Ние постојано ги разменуваме своите искуства, ги споделуваме најдобрите практики и меѓусебно се едуцираме. Како компанија која го негува растот и развојот на своите вработени, Атлантик долг низ години во своите редови има вработени кои го пренесуваат своето знаење на колегите и им помагаат подобро и побрзо да ја завршуваат својата работа“ – вели Елизабета Мирчевска.

А понатаму тие вработени, ги едуцираат своите останати колеги како интерни тренери, ги развиваат своите предавачки вештини и прават исчекор во својата кариера.

Вработените во Атлантик дополнително имаат можност да ги пофалат своите колеги со проектот „Пофали го колегата“ кој е во својата четврта година од реализација. Овој проект  им овозможува на сите вработени во Атлантик да ги пофалат и поттикнат своите колеги како Амбасадори на корпоративните вредности на Атлантик.

Преку оваа програма до сега се пофалени повеќе од 1.500 колеги, со што вработените  покажале дека ги почитуваат и сесрдно ги наградуваат колегите кои секојдневно ја промовираат компаниската корпоративна култура.

„Заедно сакаме да градиме визија и да создаваме трајни вредности, имајќи ги во предвид корпоративните вредности: КРЕАТИВНОСТ, која ја симболизираат брановите, СТРАСТА која ја симболизира сонцето и РАСТОТ како симбол за планина, но исто така сакаме и да бидеме препознатливи и препознаени како посакувана компанија за работа, на сите пазари. Employer branding е проект насочен на фокусирана и структурна изградба на имиџот на Атлантик Група и пошироко како деловен субјект во земјите во кои сме активни. Препознаена како отворена, љубопитна и амбициозна, Атлантик Група на своите вработени, колеги, партнери и инвеститори им нуди бескраен океан на прилики за раст и развој“ – вели Елизабета Мирчевска.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365