Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања, насловена „За секој момент од денот“, со која го промовира своето кафе пред белоруските потрошувачи.
Рекламата е насочена примарно кон припадниците на помладата генерација, кои што се прикажуваат како главни консументи на кафето во разни приватни и социјални контексти – дома, на работа и со друштво.
„Утрото започнува со… да, да, со кафе! И не само утрото, туку и паузата на факултет. И средбите со пријателите на летните тераси во McDonald’s, и вечерните прошетки и многу повеќе. Секој ден и во посебни денови за вас – кафето McCafé за секој момент од денот во McDonald’s!“ – истакнуваат од брендот во описот на кампањата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Ambition DDB и продукциското студио Костёр Production.