Home » Во фокусот » Заедничко создавање приказна во која ќе учествуваат и брендот и потрошувачот, еден од клучните предизвици во 2017 година

Заедничко создавање приказна во која ќе учествуваат и брендот и потрошувачот, еден од клучните предизвици во 2017 година

Персонализација на содржината (26%), realtime маркетинг (24%), мобилен маркетинг (23%), како и онлајн комуникација (21%) и видео маркетинг (20%) – се клучните трендови кои ја одбележаа 2016 година, е резултатот од истражувањето кое го спроведе порталот Marketing mreža во соработка со агенцијата MASMI Белград.

За клучните трендови во струката за 2017 година, ќе се дискутира на третиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2017, кој ќе се одржи на 1 и 2 март во хотелот Crowne Plaza во Белград.  

Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку различни видови на интерактивни работилници. Во текот на траењето на форумот, своите студии на случај на агенциите ќе им ги претстават и компаниите: HEINEKEN Србија, Mercator S, Vip Mobile, Eurobank, Carnex, IKEA Србија, AVON, Sberbank, Delhaize Србија, Војводинска банка, Lufthansa Србија и многу други.

Ставовите за движењето, новите трендови и предизвиците на струката ги истакнаа комуникациските стручњаци од компаниите и агенциите кои работат во Србија.

“Како најголеми предизвици на професијата и понатаму ги гледаме разбирањето на начинот на кој потрошувачот го перцепира брендот во време на дигитална комуникација и како се одлучува да купи производ. Денешниот ‘consumer journey’ се` попрецизно ги дефинира маркетинг целите во правец на поголема персонализација и реакција во реално време, кои сакаме да ги постигнеме. Во светот на големи количини на податоци и машинско учење, се поголема улога на агенциите ќе имаат во процесот на унапредување на односите на компаниите со нивните потрошувачи или корисници на услугите. Еден од трендовите ќе биде и процесот на ко-креација или заедничко создавање на приказни за брендот во кои подеднакво ќе учествуваат и брендот и потрошувачот”, изјави Јасна Дугалиќ, Account Director во агенцијата Direct Media.

Билјана Бобиќ Субин, менаџер за корпоративни работи во компанијата HEINEKEN Србија, вели дека од клучна важност е доследно да се држи до принципот ‘walk the talk’, што значи, нашите дела да бидат во склад со оние за кои се залагаме и за кои комуницираме, и додава дека “ транспарентна и навремена комуникација, како екстерна, така и интерна, обезбедува добра репутација на компанијата, а насоченоста на социјалните мрежи на поедници, ја “олеснува“ комуникацијата на компанијата, како што е Heineken, која на прво место ги наслушнува потребите на своите потрошувачи и оди чекор со нив“.

Јована Миличевиќ, Corporate Communications Expert во компанијата Vip Mobile, наведе дека она што со години се споменуваше како предизвик – интегриран пристап на комуникации, сега е стварност и само е прашање колку доследно го применуваме. “Меѓутоа, иако од теорија и од пракса сфативме дека интегрираниот пристап е единствен кој е делотворен, тоа не значи дека ги совладавме сите негови предизвици. Еден од предизвиците е и да разбереме дека кампањите кои ни се важни, кои се клучни во нашите годишни комуникациски стратегии, нема нужно да имаат и најголем одек, особено на новите комуникациони канали, како што се социјалните мрежи. Луѓето и искуството мораат да бидат во фокусот на нашата комуникација и нашиот главен предизвик е како да станеме нивен дел”, додала Миличевиќ.

Лелја Даутовиќ Чаиќ, маркетинг директор во Atlantic Grupа, наведе дека најголеми предизвици се ограничениот простор за раст и релативната заситеност на пазарот, во кои простор морате да најдете на основа на компаративната предност во однос на конкуренцијата и да земете дел од нивниот удел на пазарот. “Во таквите услови, единствен вистински здрав и одржлив начин за развој е константно нудење нови решенија, преку идеи и инвентивни решенија, кои овозможуваат задоволување на сите потреби на купувачите во поглед на софистицираност, дизајн и употребливост на производот. Конкурентноста е сеопфатно и заокружено знаење и умеење, подржано со искуство,стратегија и проактивност, секогаш за да бидеме во чекор понапред, што и нашите резултати тоа го покажуваат“, додава таа.

Невена Мартиновиќ, менаџер за односи со јавноста во компанијата Confluence Property Managment, смета дека е неопходно што порано да се сфати дека промените се случуваат со молскавична брзина и дека технолошките иновации отидоа подалеку од она што обичниот човек може да го процесуира. “За брендовите тоа претставува посебен предизвик бидејќи пред себе имаат различни целни групи на кои им се обраќаат, а кои еднакво не ги перцепираат, разбираат и користат сите тие промени. Во таа смисла, предизвик ќе биде креирањето на комуникации кои во исто време ќе ги следат сите тие промени и кои еднакво јасно комуницираат со сите важни групи.”

По повод овогодинешниот форум на комуникациски лидери IZAZOV 2017, Марија Вичиќ, Communications Director во I&F McCann Grupа, изјави: “I&F McCann Grupa, од своето основање веќе 20 години, ги поддржува настаните на кои се разменуваат мислења и ставови помеѓу самите агенции, како и агенциите и клиентите, а се` со цел да го унапредиме разбирањето на нашата струка и развојот на индустријата. IZAZOV е одлична прилика за такво нешто, неговото одржување ја подигнува свеста во јавноста за значењето и целокупниот допринес на нашата индустрија и за кратко време стана неизоставна ставка во агендата на сите ние кои работиме во креативната индустрија.”

Повеќе информации за форумот и програмата пронајдете на: www.izazovforum.rs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365