Home » Во фокусот » “Заљуби се во Валандово“ – бренд кампања на градот Валандово

“Заљуби се во Валандово“ – бренд кампања на градот Валандово

Активностите за позитивниот имиџ на градовите, нивното “маркетинг планирање“ и соодветното брендирање се тема на која на светско ниво им се посветува значајно внимание и секако пракса која придонела да се создадат перцепции кои придонесуваат за самиот развој на некои од најпознатите светски метрополи и населени места. Во нашата држава, брендирањето на градовите никогаш не било во самиот нивен фокус и оттаму секогаш радува кога ќе имаме можност да пишуваме за активности од овој тип, реализирани од некоја домашна општина.

Оваа недела општината Валандово стартуваше со новата бренд кампања за нејзиниот идентитет и визија со цел зголемување на бројот на посетители во овој мал град во Македонија.

Под наслов – “Заљуби се во Валандово“ кампањата има за цел да открие интересни факти за градот и да ги претстави многубројните природни убавини и историски знаменитости на градот кој е познат по својот Фолк Фестивал.

Сега е вистинско време да се открие убавината на градот. Горди сме на нашиот музички Фестивал и неговата традиција, но во исто време свесни сме дека нашиот град има многу да понуди. Ги покануваме сите да нѐ посетат и да се заљубат во Валандово“ изјави Перо Костадинов, новоназначениот градоначалник на градот.

Кампањата Заљуби се во Валандово вклучува видеа и слики од најпознатите знаменитости како и приказни на жителите на градот.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365