26-тиот Меѓународен фестивал на креативностa, Golden Drum, вчера повторно ги отвори своите врати
„Creativity 4 Change“ ќе биде мотото на сите настани во текот на двата фестивалски денови, кои ќе бидат исполнети со инспиративни содржини на сцената и надвор од неа, заклучно со свечената церемонија во петок, кога ќе бидат прогласени и победниците на овогодинешниот натпревар.
Creativity 4 Change
Бидејќи промената е само константа, креативноста е еден од нејзините најмоќни двигатели. Свесни сме колку е важно да се размислува на глобално ниво, но исто така и за важноста да не се изгуби контакт со духот на местото во кое живееме и да делуваме локално, каде што навистина и започнуваат сите промени.
Креативната индустрија еволуираше и стана многу повеќе од машина за генерирање на продажба. Сè повеќе сме свесни за начините на кои можеме да придонесуваме за општеството. Потенцијалот за правење разлика во светот, создавање позитивни промени, вклучување и истакнување теми кои на најразлични начини се релевантни за општеството како целина, е огромен.
Фестивалот Golden Drum има за цел да го инспирира и зајакне креативното размислување и активностите за позитивни промени на многу различни начини, поддржувајќи го тоа преку својата натпреварувачка и конгресна промена. Со слоганот „Creativity 4 Change“, тој е фокусиран на огласување за подобро утре. Бидете дел од оваа промена!
Програма на фестивалот
На фестивалот се поканети водечки предавачи кои инспирираат со својот пример. Доаѓаат од различни области на креативноста, ќе видиме различни аспекти на креативноста, како и перцепции и ставови кон промени.
Посетителите ќе имаат можност да слушаат предавачи со различни погледи, од филозофијата на еден од најобјавуваните филозофи на почетокот на 21 век, Славој Жижек, до наука, со професорот Богдан Драгански, директор на Neuroimaging Lab LREN на Универзитетот во Лозана, и уметност, како што може да се опише работата на фотографот Рена Ефенди и приказните за луѓето кои можела да ги слушне преку нејзината работа за National Geographic.
Исто така, тие ќе имаат можност да го слушнат Андреа Хенао, генерален директор на 360 Agency Берлин и 360 Agency Европа, првата одржлива рекламна агенција во светот која промовира исклучиво одржливи брендови. Дејвид Шчепаниак, извршен креативен директор и партнер и Евелина Војтичицав, уметнички директор во VMLY&R Полска, ќе го претстават проектот награден со Glass Lion, кој претставува живописен пример за креативна кампања со цел промена во културата „Последното издание“.
Годинешниот фестивал сака да се осврне на „Разновидноста за промени“; со дискусија на теми кои ја вклучуваат LGBTKiA+ заедницата во рекламирањето, предводена од Џејсон Ромејко, од Serviceplan, а ќе му се придружат и Џулијан Вихл од VANGARDIST Magazine и Лејди Бани, мулти-талентиран уметник. Во време кога многу брендови се обвинети дека ја користат заедницата за маркетинг цели, тие сакаат да проверат дали им помагаме или им одмагаме на луѓето кои се борат за своите права.
Фестивалот ветува многу можности за мрежно поврзување и забава, со цел да се направат промени на подобро.
За оние креативни умови кои гледаат предизвик и имаат решение за тоа како Кока Кола може да придонесе за создавање свет без отпад, З Portfolio Speed Dating ќе обезбеди можност да ја покажат својата креативност, да бидат дел од промените и да се борат за големи награди: 3.000 евра (Гран При), 2.000 евра (злато) и 1.000 евра (сребро).
Бидејќи ова ќе биде второ издание на првиот безготовински креативен фестивал во Европа, со помош на Мастеркард, не заборавајте да ги понесете своите картички и поповолно да платите пијалок.
Погледнете го списокот на говорници и фестивалската програма.