Home » Во фокусот » Започнува мониторингот на изборното медиумско известување

Започнува мониторингот на изборното медиумско известување

Денес започнува мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2017 година, што го спроведува Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно Изборниот законик.

До сите радиодифузери веќе е испратен допис во кој прецизно се информираат за обврските од Изборниот законик до коишто треба да се придржуваат до започнувањето на изборната кампања, а ќе се одржат и посебни обуки. За начинот на известување на радиодифузерите, Агенцијата ќе објавува извештаи за секој период од 10 дена.

Методологијата за мониторинг и Изборниот законик се достапни на веб страницата на Агенцијата, во посебниот банер Избори 2017, каде ќе се објавуваат сите информации поврзани со Локалните избори.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетуваат дека од денот на распишување на изборите тече рокот од пет дена, во кој сите телевизии и радија коишто ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, треба да ги утврдат и достават ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (преку архива или на е-адресата contact@avmu.mk), до Државната изборна комисија, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365