Во рамки на престижниот регионален фестивал Дани комуникација, кој традиционално секоја пролет се одржува во Ровињ, оваа година ќе се одржи еден од најдиректните и најискрени панели за состојбата на комуникациската индустрија во регионот – “Meet Your Neighbours: The Balkan… Oops, We Mean CEE Markets Snapshot”.
Во формат на брзи, динамични 10-минутни презентации, претставници од пет земји (Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија) ќе понудат „без филтер“ увид во своите пазари: од бројки и трендови, до реални, често неформални инсајти за тоа што функционира, што стагнира и каде индустријата треба да го направи следниот исчекор.
Македонија на овој панел годинава ќе ја претставува Предраг Николовски, ко-сопственик и креативен директор на агенцијата AdValue, кој ќе даде пресек на домашниот комуникациски пазар – со фокус на клучните трендови, предизвици и потенцијали за раст.
Покрај него, на панелот учествуваат и:
- Иренa Миличевиќ Вукоја (Prefix agency, Woman.comm Club & No limit) – Босна и Херцеговина
- Ана Марија Хорачек (mmb media agentur, HURA & IAB Croatia) – Хрватска
- Маја Радак (Fullhouse Ogilvy) – Србија
- Жаре Керин (Futura) – Словенија
















