Home » Во фокусот » Запознајте ги финските емотикони на Weekend Media фестивалот во Ровињ

Запознајте ги финските емотикони на Weekend Media фестивалот во Ровињ

Во Финска не шетаат поларни мечки, но Дедо Мраз е фински државјанин, и вистина е дека Финците имаат посебен збор за пиење дома, во потполна осаменост и долна облека – kalsarikännit. Овие и слични необични обичаи, емоции, омилени пцовки и митови за својата земја, Финците ги претворија во една од најуспешните дигитални ПР кампањи за кои добија многу меѓународни награди. Како успеаја во тоа, ќе може од прва рака да дознаат учесниците на јубилејното десетто издание на Weekend Media Festival.

Основата на кампањата се 62 емотикони кои ја претставуваат Финска на симпатичен и ироничен начин, правејќи го првиот национален сет на симболи кои секој може да ги симне на мобилен, а ги погледнале веќе околу 250 милиони луѓе ширум светот. Во Ровињ од прва рака ќе ги претстави Petra Theman, управител на јавната дипломатија на Минстерството за надворешни работи и генерален секретар на Финскиот промотивен одбор.

Финска има многу предности, но и некои слабости, како и секоја земја. Пристапот на комуникацијата кон брендот на земјата на ваков искрен, автентичен начин привлече неверојатен интерес и бројни нови контакти и соработки“, истакна Petra Theman,чие предавање за овај проект и дигиталното брендирање на земјата носи наслов Фински емотикони, анализа на случај на дигитална дипломатија на денешницата‘.

Десеттиот Weekend Media Festival оваа година се одржува од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ, под генерално покровителство на Adris група. Во својата прва декада Weekend беше домаќин на речиси 45.000 учесници: 1.000 говорници, 35.000 медиски, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Се позиционира како најголем комуникациски фестивал во југоисточна Европа, а прв најави и некои од топ трендовите како што е мобилното огласување, native огласувањето, дигитализацијата, programmatic и blockchain.

Weekend не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е место и за забави и networking кои оваа година ќе бидат подигнати на ново ниво. Музичката програма одсекогаш била еден од најсилните адути на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365