Home » Во фокусот » Заврши 24-тото издание на Голден Драм. Ова се победниците!

Заврши 24-тото издание на Голден Драм. Ова се победниците!

Изминатиот викенд заврши 24-тото издание на креативниот фестивал Голден Драм кој се оддржа во Љубљана, Словенија. На свечената церемонија која се оддржа на завршниот ден беа доделени и наградите за овогодинешните победници кои со своите проекти оставија траги врз целокупната адвертајзинг јавност во поширокиот регион.

Вкупно беа доделени 14 Гранд При, 17 златни и 45 сребрени награди – а беа проглесени и победниците во секциите Best Piece и Best Practice.

Кога се работи за нашиот регион, Греј Словенија (Grey Slovenia) и Имаго Огилви (Imago Ogilvy) освоија најзначајни награди. Греј освои Гранд При за својот проект “Lahkonočnice” за клиентот А1 Словенија а Имаго освои Гранд При за проектот за клиентот Јамница насловен како “Dear Mr. President”

Забележителен успех имаше и проектот на Меккен Белград, насловен како “DemocrARTisation„ реализиран заедно со Музејот на современа уметност во Белград, освојувајќи едно злато, три сребра и една бронза. Злато освои и New Moment New Ideas Company за проектот “The One” реализиран во Босна и Херцеговина реализиран за Меѓурелигискиот совет.

Со вкупно 141 бод, за најдобра мрежа, прогласена е McCann Worldgroup која ја освои наградата Golden Net.

Најуспешна агенција на овогодинешниот Голден Драм е McCann Worldgroup Italy која освои 67 поени.

Наградата Golden Dragon за најуспешна независна агенција ја освои Voskhod од Русија, а таа за најдобар бренд му припадна на Vodafone.

Во категоријата посебни награди, во Best Piece секцијата, наградата Golden Drum Adriatic е доделена на New Moment New Ideas Company за проектот The One. Доделени се и две Silver Drum Adriatic награди кои им припаднаа на Grey Slovenija и McCann Белград. Агенцијата Bruketa & Žinić & Grey ја освои Brone Drum Adriatic наградата за својот проект “Nada“.

Во Best practice секцијата, Golden Drum Adriatic наградата им припадна на Grey Slovenija, Silver Drum Adriatic на Imago Ogilvy, а Bronze Drum Adriatic за McCann Belgrade.

Извршниот креативен директор од McCann Worldgroup Italy, г-дин Алесандро Сабини ја доби наградата Golden Watch која се доделува за најдобриот креативен директор.

Алесандро Сабини

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365