Home » Во фокусот » Злато за кампањата #Несакана на Европскиот самит McCann Worldgroup 2018

Злато за кампањата #Несакана на Европскиот самит McCann Worldgroup 2018

Кампањата #Несакана освои злато на Европскиот самит McCann Worldgroup 2018 во Барселона, во категоријата “Чувство за итност”. Оваа награда се доделува само на исклучителни кампањи со кои се докажува дека агенцијата го разбира динамичното темпо на работа и променливата средина во кои никогаш не било  поважно да се обезбедат брзи решенија и да се реагира агилно и флексибилно.

Со цел да се укаже на проблемот кој остава трајни последици на демографската слика на едно општество, невладината организација “Центар за женски права“ заедно со агенцијата McCann Подгорица со поддршка од тимот на McCann Белград, започна кампања со цел да се покрене петиција да се направат законски измени кои ќе ја оневозможат злоупотребата на пренаталните тестови,  чии последици се селективните абортуси. Неспорната статистика според која не само во Црна Гора, туку и во другите држави во регионот дека секоја година се раѓаат повеќе машки деца отколку женски, а што е последица на селективните абортуси, претставуваше предизвик за креаторите да направат кампања која е сериозна и едукативна и која истовремено ќе ја подигне свеста за овај проблем, преку приказната за Несаканата.

Сандра Вујовиќ, креативен директор на McCann Подгорица, изјави: “Ова е кампања за која сите сме емотивно поврзани, така што секое признание е многу важно за нас. Горда сум на целиот тим и сè што сме постигнале заедно. Кампањата #Несакана не само што ја подигна свеста за големиот проблем на пренаталната родова селекција со која се соочуваме во Црна Гора, туку повторно го актуелизира прашањето за родовата еднаквост и воопшто позицијата на жените во нашето општество. #Несакана укажува на причината, односно коренот на овие проблеми. Таа започна и не` обедини околу иста цел: несаканите да станат сакани”.

“Длабоко верувам во моќта и вистината на оваа приказна и промената на системот на вредности кои ги започнавме со оваа кампања. Многу сум горда на тимската работа на нашите две канцеларии од Подгорица и Белград. За сите нас кои се вклучени во мисија #Несакана да стане Сакана, позитивните реакции и поддршката на јавноста, како и подготвеност за акција, претставуваат професионална и лична сатисфакција “, додаде Јана Савиќ Растовац, креативен директор на McCann Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365