Home » Digital » Знаете ли кој автор и книжевно дело се најцитирани на Инстаграм?

Знаете ли кој автор и книжевно дело се најцитирани на Инстаграм?

За жал, вклучени се само автори од областа на англиското говорно подрачје, но меѓу нив има и добро познати имиња

Речиси сите корисници на социјалните мрежи, без оглед на тоа за кои се работи, барем еднаш со некоја интересна фотографија објавиле некаков стих или цитат кој во тој момент им значел нешто. Некои посегнаа по инспиративни цитати на познати актери или филозофи, други по стиховите на популарните песни.

Но, дали знаете кој автор е најчесто цитиран на социјалните мрежи?

Тоа е она што се запраша и Ребека Армстронг, писателка од Велика Британија која одлучи да спроведе истражување со цел да дојде до одговор.

Таа користела податоци од Инстаграм и Гугл трендови и состави табела која открива кои автори и книжевни класици се најобјавувани на социјалните мрежи. За жал, вклучени се само автори од областа на англиското говорно подрачје, но меѓу нив има и познати имиња.

Армстронг не го гледала само авторот кој најчесто се појавува, туку и кое дело најчесто се цитира, како и кога овие цитати најчесто се појавуваат.

Така, на петто место се најде познатата британска писателка Џејн Остин, чие име во хаштазите на Инстаграм се појавувало повеќе од половина милион пати. Нејзината најчесто цитирана фраза доаѓа од делото “Гордост и предрасуди” и вели: “My courage always rises at every attempt to intimidate me“.

Во четвртото место е американската авторка Маја Ангелу чие име на Инстаграм се појавува речиси 600.000 пати, а најчесто се цитира од нејзината книга, ” Знам зошто пее птицата во кафезот “. Но, најчестиот цитат доаѓа од книгата “Кога мислам за себе” и гласи: “My life has been one great big joke, a dance that’s walked, a song that’s spoke. I laughed so hard I almost choke when I think about it myself.”

На третото место е познатиот писател Едгар Алан По, чие име на Инстаграм се појавува речиси 800.000 пати, а најцитираната фраза доаѓа од страшната приказна “Јамата и нишалото” и гласи: “Even in the grave all is not lost. Else there is no immortality for man.”

На второто место, со речиси еден милион спомнувања е популарниот писател Џ.Р.Р. Толкин и неговото дело “Господарот на прстените”. Сепак, цитатот не доаѓа од самата приказна, туку од прилогот, кој ги објаснува односите меѓу ликовите и гласи: “In sorrow we must go, but not in despair. Behold! We are not bound forever to the circles of the world, and beyond them is more than a memory.”

На прво место се најде познатиот англиски писател Вилијам Шекспир. Неговото име е споменато повеќе од два милиони пати на Инстаграм, а најчесто се цитирани стихови од неговата позната трагедија “Ромео и Јулија”. Најцитираната реченица пак, доаѓа од драмата “Ричард Трети” и гласи: “Death makes no noquest of this conqueror; For now he lives in fame, though not in life.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365