Home » Digital » Зошто несовршеноста на логото на Google е она што го прави совршено

Зошто несовршеноста на логото на Google е она што го прави совршено

Зошто буквата G не е совршен круг?

Дизајнерите веќе го знаат ова совршено добро, но за останатите би можело да биде интересно. Неодамна, на Reddit е поставено прашањето за димензиите на буквата G од логото на Google и зошто не претставува совршен круг, пишува американскиот магазин Adweek.

Се` започна кога еден корисник на Reddit објави слика од буквата G од логото на Google, а која укажува на тоа дека G не е совршен круг. Од постот се доаѓа до заклучок дека корисникот смета дека Google направил грешка.

Откако постот беше повторно објавен на друг подфорум, посветен на дизајнот, дизајнерите таму лесно го отфрлија тврдењето дека Google нешто погрешил. (Google сериозно го сфаќа својот дизајн, како што видовме во 2014 година, кога го смени старото лого со поместување на буквата „g“ десно за еден пиксел и буквата  „l“ долу и десно за еден пиксел. Во прашање се минимални промени, но тоа го пoкажува перфекционализмот на Google).

Објаснувајќи ја дилемата околу логото „Google G“, дизајнерите на Reddit ја нагласија основната вистина на дизајнот, а таа е дека математичките коректни визуели не се секогаш оптички коректни. Сликата подолу, го покажува вистинското  “Google G” од левата страна (кое користи таканаречен „оптички баланс“) и „Google G“ кој е совршен круг, од десната страна. Јасно е кое од двете логоа изгледа подобро.

Но, и пред да влезат во расправа на Reddit, критичарите на Google можеа малку да истражат. Кога Google го воведе „Google G“ како дел од своето пошироко ребрендирање во 2015 година, самите објаснија зошто „G“ не е совршен круг на нивниот блог.

Google објасни:

Google G е директно изведен од логото „G“, но користи зголемена визуелна тежина за да се истакне во мали димензии и во контекст каде што треба да го дели просторот со други елементи. Дизајниран на истата мрежа како и иконографијата на нашите производи, кружниот облик е оптички преработен за да се спречи визуелен „overbite“ на места каде што кружниот облик се спојува со попречната линија. Пропорциите на боите го пренесуваат целиот спектар на логото и се секвенцираат за да го олеснат движењето на очите околу обликот на зборот.“

Повторно, ова не е нешто што графичките дизајнери веќе не го знаат. Но, за нас останатите, ова е мала лекција за тоа како несовршеностите во логоата понекогаш се она што ги прави совршени.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365