Home » Во фокусот » Зошто во продавниците се пушта музика? Дали сакаат да не изманипулираат да купуваме повеќе?

Зошто во продавниците се пушта музика? Дали сакаат да не изманипулираат да купуваме повеќе?

Истражувачите открија дека сопствениците на продавници може да ве натераат да купувате повеќе и да останете подолго во нивните продавници со стратегиско одбирање на музиката која ја пуштаат во истите.
Еве сетете се на сите Ваши купувања неделава и признајте си дека факт е дека не можевте да ја избегнете музиката никаде додека купувате. Без разлика каде и да одите, подложени сте на ‘’напад’’ на вашите сетила и сте ‘’приморани’’ да слушате песни кои многу веројатно нема да ги чуете на друго место и во други услови. Без разлика дали посетувате супер маркет или пак седнувате на ручек со пријателите во недела на пладне, можеби веќе сте забележале дека музика ве прати каде и да одите.

Она што купувачкото искуство го прави посебно е тоа што продавниците музиката ја користат во своја корист – со цел да направат повеќе пари од вас.
Генералната теорија зад музиката која се користи од страна на фирмите е често поврзана со расположението. Идеата е дека пријатната музика ќе го подобри вашето расположение, а тоа подобрено расположение ќе води кон одлуки поврзани со купување.
Maureen Morrin, професор по психологија на Rutgers University во New Jersey, во своето истражување спроведено во 2005 година открил дека дури и кога луѓето мислат дека нивното расположение не било под влијание на музиката која во меѓувреме свирела во позадина во продавницата која ја посетиле, тие поторшиле повеќе пари базирани на импулсивно купување кога музиката придонела окружувањето околу нив да стане попријатно во истиот момент.
Се разбира дека индивудуалната перцепција за пријатна музика е различна од еден до друг купувач, меѓутоа денес во основа постои поголем опсег на истражувања поврзани со видовите на музика кои се користат од страна на продавницте со цел да го постигнат надобриотможен резултат во однос на продажбата.

Волумен

Истражувачите откриле дека пуштањето на гласна музика  ќе ја редуцира должината на поминатото време за време на купувањето. Истражување спроведено од страна на Thomas van Straaten, истражувач во полето на развојот на музичкиот маркетинг и воедно менаџер за истражување во ‘’Mood Music’’, користел вирутелен супермаркет развиен од страна на Универзитетот Wageningen за да открие дека луѓето поминуваат подолго време во продавници каде се пуштала релаксирачка музика. Тишината но и гласната музика правеле купувачите побрзо да ја напуштат продавницата, а оние кои останувале подолго трошеле до 33% повеќе пари и поминувале 15% подолго време во самите продавници.
Тој сметал дека доколку звукот е премногу нападен за нас, ние ќе купуваме побрзо или пак побрзо ќе ја напуштиме продавницата, што во превод значи дека продавниците тежнеат кон намалување на тонот на музиката. Во спротива пак на продавниците, во рестораните за брза храна светлата се сјајни, музиката погласна, а боите силни и нагласени предизвикуваат ефект на итност со цел потрошувачите побрзо да нарачаат и да ги ослободат масите за нови потрошувачи односно да создадат состојба на ‘’итност’’.

Комплексност на музиката

Слично како и на звукот, комплексноста на музиката ќе влијае колку ќе бидете сензорно стимулирани од музиката која ќе ја чуете во некоја продавница/место. Доколку сте премногу стимулирани, вашиот мозок ќе ви каже дека е време да заминете па затоа доколку некоја продавница сака да ги задржи своите потрошувачи што подолго или пак сака да ги направи ‘’посреќни’’ додека чекаат на ред не само што треба да го намали тонот на музиката, треба и да пушта поедноставен музички избор кој ќе ја рефлектира оваа потреба.

Темпо

Музиката влијае врз биоритамот- брзата музика ќе го забрза вашето дишење, чукањето на вашето срце со што ќе посакате да купувате побрзо (или пак јадете побрзо) и да заминете побрзо. Истражување спроведено од страна на Ronald Milliman, професор по маркетинг на Универзитетот Western Kentucky, воедно објавено и во ‘’’Journal of Consumer Research’’, открива дека луѓето кои се движат низ супермаркетите можат да бидат контролирани од темпото на музиката. Бавната музика ги забавува купувачите и ги поттикнува да трошат плус 1/3 повеќе од предвиденото.
Резултатите од друго дополнително истражување на Milliman пак откриле дека музиката исто така ја променува брзината со која луѓето јадат. Брзата музика брзо ги празнела масите во рестораните за брза храна додека пак побавната музика  во класични ресторани ги поттикнувала да останат подолго и да нарачаат повеќе алкохол. Истражувањата на Milliman откриваат дека луѓето не требало да ја забележат музиката со цел истата да влијае врз нивното однесување.

Вид на музика

Стилот на музика треба да е поврзан со типот на купувачи кои одреден бизнис сака да ги привлече односно се негова таргет публика. Истражување спроведено од страна на Yalch и  Spangenberg во 1990, го споредувало ефектот на пуштање на лесна музика за слушање во споредба со 40 најслушани музички синглови.
Со истражувањето откриено е дека потрошувачите под 25 годишна возраст сакале да ја напуштат продавницата кога пуштена им била лесна музика за слушање, додека пак старосната група потрошувачи над 25 годишна возраст го доживувала истиот ефект поради изборот на топ 40 синглови.
Продавниците кои сакаат да добијат поширока публика не пуштаат популарни музички избори со цел да не го ограничат бројот на потрошувачи.

Каква музика избирате вие ?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365