За поддршка при лансирањето на новиот женски парфем на компанијата VALENTINO, L’Oréal Luxe ја повика агенцијата BETC Etoile Rouge за креирањето на кампањата „Voce Viva“ – интегрирана комуникациска кампања која започна на 17 септември 2020 година.
L’Oréal Luxe, VALENTINO и уметничкиот директор Пјерпаоло Пичиоли сакаа да ја прослават моќта на гласот, како средство за изразување на единственост, сила и влевање на оваа моќ кај другите.
За да ја промовира оваа универзална порака, VALENTINO соработуваше со Лејди Гага, која има 43 милиони следбеници на Инстаграм и е глобална икона која го има еден од најдобрите гласови на својата генерација. Леди Гага, покрај своите италијански корени, има и многу други заеднички точки со брендот VALENTINO. Таа отсекогаш била поборник за автентично лично изразување. Допре и инспирираше милиони луѓе ширум светот, споделувајќи ги со своите борби и надежи преку песната: „Кога пеам, мислам на светот, мислам на луѓето. Мислам на приказната што сакам да ја раскажам и секогаш се обидувам да најдам малку вистина во сето тоа“.
Во самото видео, кое е ода за самоизразување, Лејди Гага ги охрабрува другите да дозволат да се слушне нивниот глас. Реоркестрираната нумера од новиот албум на Лејди Гага, „Sine from above“, е компонирана исклучиво за кампањата.
„Оваа кампања ја покажува моќта на гласот, неговиот дострел, неговата унифицирана вредност и можноста да не спои заедно. Во форма на музичко видео, музиката добива главна улога и станува емоционален носител на видеото“, рече Флоренс Белисон, креативен директор на BETC Etoile Rouge.
Кампањата ќе се прикажува ширум светот на сите медиуми (ТВ, билборди, печатени и дигитални медиуми).