Home » Digital » Генерирај веб галерија од Facebook албум

Генерирај веб галерија од Facebook албум

Компанијата EmbedSocial направи плагин што ќе ви овозможи со само еден copy/paste потег да вметнете цел Facebook албум на вашиот вебсајт.

embed social image

Значи, наместо да сечете, оптимизирате, прикачувате на веб сервер, сè што ќе треба да направите е да ги поставите вашите фотки во албум на Facebook страна и целиот албум да го вметнете на вашиот вебсајт.

За сите веб блогери или веб девелопери, овој плагин најверојатно ќе ги реши нивните маки за брзо прикажување на веб галерија на нивниот вебсајт.

Во последните 2 месеци бесплатната верзија веќе ја користат над 85000 вебсајтови, а пред неколку недели е понудена и ПРО верзија наменета за професионални веб девелопери. ПРО верзијата е целосен веб сервис кој на корисниците им нуди кориснички профил во кој ќе можат да менаџираат неограничен број на албуми и да ги персонализираат зависно од изгледот на нивната веб содржина.

Плагинот денеска е објавен на Product Hunt (сервис за споделување на интересни проекти) и во тек е акција со 50% попуст за ПРО верзијата со искористување на кодот: product. Основачот на EmbedSocial, Никола Бојков ги охрабрува сите заинтересирани да се вклучат во директна дискусија и да му помогнат на тимот со предлози за подобрување на овој плагин или пак за изработка на нови плагини што ќе станат дел од нивната EmbedSocial платформа, која во моментов нуди 4 иновативни веб сервиси.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365