Импресум

 

Маркетинг365 (M365) е прв македонски стручен портал за маркетинг, медиа и ПР индустријата, основан во октомври 2011 година.

Мисијата на Маркетинг365 е поголема афирмација и унапредување на маркетинг и ПР индустријата во Македонија, зголемување на транспарентноста во работењето на маркетинг и ПР компаниите од земјава и регионот, како и регионално бизнис вмрежување помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите.

Маркетинг365 е добитник на признанијата: “Најдобар блог на Македонија“ (2011 и 2015 година) , “Највлијателен блог на Балканот кој доаѓа од Македонија“ (2011 година) и освојувач на Второ место во категоријата “Најдобар бизнис-информативен портал во Македонија“ (2014 година).

Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Членовите на тимот на Маркетинг365 биле дел од повеќе домашни, регионални и светски жири-комисии кои ги избирале најдобрите креативни проекти или рекламни кампањи.

Издавач на Маркетинг365 е Друштвото за маркетинг и односи со јавност ДИГИТРОН 365 ДООЕЛ 

Контакт e-mail : office@digitron.mk  & contact@marketing365.mk |

Контакт телефон: +389 (0)70 865 897

 

ТИМОТ ПОЗАДИ МАРКЕТИНГ365

Основач и Извршен директор на Маркетинг365: Борис Ефтимовски

Борис  е искусен професионалец од областа на маркетинг и односи со јавност (ПР), кој има работено како менаџер или консултант за повеќе домашни и меѓународни компании и организации, од кои некои се дел од Fortune500 листата.
Во неговата досегашна кариера има работено и за компанија и за агенција и за медиум, што му дава уникатна позиција и перспектива во процесот на стратешко позиционирање и донесување одлуки. Како консултант бил ангажиран да советува повеќе од 30 компании, стартапи, поединци, министерства, влади, политичари и меѓународни организации.

Контакт e-mail : boris@marketing365.mk

 

  • Уредник: Даниела Цуцевска

Даниела е дипломиран правник со повеќегодишно искуство насочено кон развој на компании и нови бизниси со посебен акцент на заштита на интелектуална сопственост и брендови. Нејзино поле на посебен интерес се новите медиуми и развојот на законодавството насочено кон рекламната индустрија.

Контакт: daniela_cucevska@yahoo.com

  • Автор: Маја Ташева

Маја е дипломиран економист, отсек „е-бизнис“ при Економскиот Факултет во Скопје. Континуирано ги следи новите маркетинг трендови, со особен интерес кон интернет маркетингот. Нејзините афинитети се наклонети кон интернационалните брендови од маркетинг индустријата, луксузните добра и информационите технологии и услуги односно нивните инспиративни и иновативни стратегии, кампањи и нови начини на комуникација.

e-mail : maja@marketing365.mk

  • Автор: Игор Ефтимовски

Игор има дипломирано на Филозофскиот факултет во Скопје како студент на генерацијата со просечен успех од 9,95 и негово главно поле на интерес се бренд маркетинг, симболи и нови медиуми.

Контакт:  eftimovskii@gmail.com

  • Автор: Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Веќе 3 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Контакт: magdalena@solutions.mk

  • Автор: Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер. Во централниот фокус на нејзиниот ангажман се наоѓаат активности како осмислување на нови брендови и унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни брендови . Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики. Предизвик и се континуираниот личен раст и професионален развој. Контакт: natasha@solutions.mk

  • Автор: Душан Пецов

Душан се интересира за Brand Equity, Бренд Маркетинг и Однесувањето на потрошувачите. Моментално е ангажиран во Nestlé Македонија како Trainee in Trade Marketing.