Секој лидер тежнее да работи со тим кој функционира одлично. Во еден високо функционален тим, членовите на тимот постојано се вклучени во работата. Тие дистрибуираат задачи, се потпираат на сопствените способности и силните страни на членовите на тимот, генерираат идеи и пронаоѓаат креативни решенија во духот на соработката, синергијата и убедувањето дека ‘’ние заедно како тим сме најсилни.’’ Заеднички функционалниот тим ја постигнува заедничката цел.
Се верува дека тимот во чиј состав влегуваат повеќе талентирани индивидуалци, постигнува подобри резултати. Ваквиот тим е енергичен, инспиративен и ефикасен, а исто така добар е и за бизнис. Добрата тимска работа се насочува често како причина за позитивни резултати, меѓу кои и продуктивност, задоволни клиенти и стратегиско постигнување на целите.
Но, како се добива таков тим?
На секој член од тимот дадете му задача да ви даде писмен одговор на следните 3 прашања:
- Кои се силните страни со чија помош ќе го подобрете сопственото лидерство?
- Каде се можностите за подобрување?
- Која цел сакате да ја поставете сега?
На секој член од тимот дадете време индивидуално да даде одговор на прашањата и да има доволно време и да размисли за нив.
Креирајте акционен план.
Акциониот план кој ќе произлезе од погоре наведените податоци, на секој лидер ќе му овозможи фокус за да го придвижи тимот напред, кон раст во областите кои се најважни за тимот и како тоа подобрување ќе влијае врз нив и врз успехот на организацијата.
Еден едноставен акционен план влучува:
- Стратегиска и помалку тактична работа од ден во ден
- Подобрување на вклученоста на тимот
- Промена на стиловите во менаџментот
- Поефикасно делегирање и фокус на стратегиски приоритети
Акциониот план на секој член од тимот ќе биде уникатен и подготвен за специфичните цели на секој член.
Издвоете време за лидерски развој на групата. Ваквиот тип на работа може да се обезбеди во пристап еден- на –еден или пак во група пожелно барем еднаш месечно. На првиот состанок во агендата запишете 6 теми за разговор во полето на лидерството и менаџментот, кои ќе го поттикнат активирањето на капацитетите на индивидуалците и ќе ги зацврстат нивните лидерски способности во рамките на групата. Во текот на следните месеци разговарајте заеднички за темите со насока на остварување на целите.
За да биде вистински ефективен еден високо-функционален тим, треба да има јасни цели за кои сите се согласуваат.
Целта на ваквиот тип на состаноци со тимот е дизајнирање на иднината со помош на свежи идеи, контрибуирање од страна на секој член од тимот и воедно и подобрување на целокупната функционалност како тим.