Една од поинтересните креативни маркетинг идеи за оваа година исто така беше и онаа на Францускиот бренд Yves St-Laurent. Со цел да им се заблагодари на своите Facebook фанови, компанија најде една генијална идеја: да направи «палета make up» во боите на Facebook.
Оваа креација била наменета само за Facebook фановите на Yves St-Laurent и произведена во 1650 примероци од кои 700 биле наменети само за Француските фанови. Фамозната палета ја нарекле «Devoted to Fans».
За да се дојде до оваа палета, требало прво да се стане Facebook фан на Yves St-Laurent. За многу кратко време се направила дури и долга листа на чекање, а 50 примероци дури и биле предвреме продадени.