Агенцијата “Popular Bruketa&Žinić OM“ Белград, за изминатите празници дојде до идеја преминот од старата во Новата година да го одбележи малку поинаку од вообичаено растурајќи ја воспоставената традиција на купување на вообичаени новогодишни поклони.
Тие решија да ги соберат соработниците и пријателите со зедничка желба да подарат малку радост на оние кои им е најпотребна, креирајќи ограничено специјално издание од 300 парчиња рачно изработени млечни чоколада.
Секој од десетте различни омоти содржи оригинален дизајн прилагоден на приликата. Грижливо произведени и спакувани, чоколадата се продаваа во поширокиот круг на соработници и пријатели, а сите собрани средства ќе бидат донирани на детското прифатилиште во Белград.
Погледнете како изгледаше сето ова :