Фејсбук соопшти дека го откажува глобалниот самит за маркетинг, чие одржување беше планирано во март во Сан Франциско, поради ризикот поврзан со заразата која ја предизвикува коронавирусот.
“Поради зголемена претпазливост, го откажавме нашиот глобален самит за маркетинг поради зголемениот ризик за јавното здравје поврзано со коронавирусот“, изјави портпаролот на компанијата.
На самитот, чие одржување беше планирано од 9 до 12 март, се очекуваше да учествуваат повеќе од 4.000 луѓе.
Претходно, во средата на 12 февруари, беше откажан Светскиот мобилен Конгрес во Барселона кој го организара компанијата GSMA, откако голем број технолошки и телекомуникациски компании го откажаа учеството поради страв од ширење на вирусот.