Најголемите стриминг сервиси на светот, вклучително и Spotify, Apple Music, Amazon Music и YouTube, се вклучија во поддршката на Blackout Tuesday, со посебни плејлисти, моменти на тишина и паузирање на социјалните медиуми. Оваа заедничка кампања има за цел да ги охрабри компаниите кои се занимаваат со музика да се воздржат од нејзино објавување за да се укаже на расистичките проблеми што се појавија во САД последниве недели.
Големата кампања, во која учествуваат најголемите стриминг сервиси, има за цел да се бори против расизмот и полициското насилство, но и да му оддаде почит на Џорџ Флојд, чија смрт предизвика глобални немири и демонстрации во повеќе западни држави, а најмногу во САД.
Spotify реши да додаде минути тишина, во траење од 8 минути и 46 секунди, а времетраењето на тишината е еднакво на времето колку што поранешниот полицаец во Минеаполис го држеше Џорџ Флојд на земја со главата прицврстена на асфалтот, пред да почине.
Apple Music ги откажа 9to5 Mac извештаите и наместо тоа промовираше страница со која се слави музиката продуцирана од “црните“ уметници. Amazon Music го поддржа ова движење и најави дека во вторник ќе ги паузира сите социјални медиуми, а YouTube се обврза дека ќе донира 1 милион долари. Зачудувачки е колку брзо акцијата се прошири, а на која и`се придружија бројни издавачи и дискографски куќи, како Atlanta Records, ViacomCBS и многу други.