Британскиот синџир на стоковни куќи John Lewis неодамна соопшти дека го менува својот долгогодишен слоган “Never Knowingly Undersold”, кој ги акцентираше нивните ниски цени, со фразата “For All Life’s Moments”, односно „За сите животни моменти“.
Сега, популарниот британски бренд ја лансираше и својата прва реклама со новиот слоган, која претставува емотивна приказна за татковството.
Имено, спотот го следи односот помеѓу еден татко и неговата ќерка: од раѓањето, па низ следните неколку години – до нејзиниот прв училишен ден. Притоа, се одбележуваат низа интензивни моменти кои го исполнуваат животот на младите родители и нивните деца.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam&EveDDB и продукциското студио MJZ. Медиското планирање и закуп е задача на агенцијата Manning Gottlieb.