Земете ги Вашите роковници и со црвено обележете ги датумите 9,10 и 11 Јуни. Тогаш треба да бидете во Дубровник !
NEM или New Europe Market (NEM), водечкиот регионален собир на медиа индустријата, оваа година ќе се одржи по трет пат во Дубровник, Хрватска во периодот од 9 до 11 јуни.
NEM на едно место ги собира претставниците на националните, комерцијалните и pay-TV компании, кабелските, сателитските и IPTV оператори, најиновативните компании и технологии, маркетинг стручњаци и експетрите за анализа на медиа пазарите.
Повеќе од 250 компании од целиот свет, изминатите две години, го препознаа NEM како настан кој отвора нови можности за соработка и овозможува нови деловни пријателства, но и како место каде се разменуваат идеи и каде би можело да се научи нешто ново од колегите од медиа-маркетинг индустријата.
NEM 2015 ќе ги истражи можностите за нови медиуми како и иднината на телевизиските содржини, собирајќи ги еминентните професионалци од целиот свет на едно место со што сите вклучени во медиските професии на самиот настан би добиле подобар увид во новите трендови
Компаниите кои учествуваа во минатите години можете да ги видите ОВДЕ, додека пак на ОВОЈ ЛИНК се говорниците од 2013 и 2014.
Регистрацијата за учество е во тек, а Early Bird цената од €300 трае до 31 јануари.
Сите Ваши прашања поврзани со настанот можете да ги поставите на: nem@neweumarket.com или contact@marketing365.mk
Маркетинг365 е медиумски партнер на настанот.