Денес официјално се објавени имињата на добитниците на овогодинешните PRO.PR награди, кои ќе се доделуваат на поединци кои придонеле за развојот на професијата односи со јавност.
PRO.PR наградите беа основани во 2012 година, по повод одбележувањето на десетгодишнината на PRO.PR конференцијата, прва меѓународна конференција за односи со јавност во Југоисточна Европа, која оваа година ќе се одржи од 22. до 25. април во хотелот Малин на островот Кркво Хрватска. Организатор на конференцијата PRO.PR е агенција за комуникациски менаџмент Apriori World од Загреб.
Најголемата особеност на овие награди е дека тие се наменети за поединци, а не за организации или проекти.
Оваа година PRO.PR признанието за Македонија ќе оди во рацете на г-ѓа Росана Јанков од АМСМ (Авто – Мото Сојуз на Македонија).
Севкупно, оваа година 20 поединци од регионот и светот ќе добијат признанија, PRO.PR награда, a меѓу победниците од странство се истакнуваат г-дин Danny Rogers, уредник на реномираното списание PR Week, г-дин Gábor Hegyi, истакнат унгарски комуникациски стручњак и сопственик на агенцијата Capital Communications, како и г-ѓа Renate Skoff, една од пионирите на односи со јавност во Австрија.
При објавувањето на имињата на победниците, претседателот на организацискиотодбор на конференцијата PRO.PR, г-дин Даниел Колетиќ рече: “Овогодинешната тридневна конференција ќе биде одбележана со тринаесет предавања и три работилници. PRO.PR конференцијата не е спектакл, тоа е единствениот настан кој ги собира лидерите на комуникациската професија. Ние ќе останеме верни на нашата стратегија и оваа година ќе собереме околу 200 учесници од осум земји.”
Во текот на изминатиот период беа доделени 46 награди, а некои од добитниците се и извршени директориза комуникација на Британската Влада, г-дин Alex Aiken, претседател на Меѓународната асоцијација за односи со јавноста2011 година, г-дин Richard Linning, потпретседател на Руската асоцијација за односи со јавност, г-дин Andrey Barannikov, портпарол на OSCE, г-ѓа Cathie Бартон и други.